Како се готви домашна супа од коски? Поради една грешка се губат витамините и минералите, а ОВА е правилниот начин!

Кулинарски трикови

Домашната супа од коски е едно од најквалитетните домашни јадења што почесто би требало да се најдат на вашата трпеза

Супата од коски, особено говедската, се смета за лек. Различни култури ширум светот ја приготвуваат веќе илјадници години.

Особено важно е да ја приготвите на правилен начин за да ги искористите сите хранливи состојки.

Варете ја најмалку три часа

За оваа супа потребни се коски, јунешко месо, што потоа можете да го јадете со пире од компири и сос од домати, главица црвен кромид, неколку чешниња лук, морков, магдонос, целер, пашканат, бибер во зрно, сол и лажица оцет што ќе го извлече најдоброто од коските. По желба, може да ставите и грашок, корен од зелка, праз и компир.

Важно е коските и месото да ги ставите во ладна вода

Важно е да ги ставите коските и месото во ладна вода и да ставите да се варат. Кога на површината ќе се направи пена, отстранете ја со лажица, бидејќи таа ќе ја замати супата. За подобар вкус, потпечете го кратко црвениот кромид. Можете да го преполовите, да го ставите на алуминиумска фолија, па директно на рингла. За поинтензивен вкус, и самите коски може претходно да се потпечат во рерна.

Кога супата ќе престане да се пени, додајте црвен кромид, лук, бибер во зрно, сол и лажица оцет. За да не се преварат, коренестиот и другиот зеленчук додајте ги малку подоцна, барем час и половина пред да биде готова супата.

Варете ја поклопена на тивок оган

Супата треба да се вари најмалку три часа, по што треба да ги извадите коските, месото и зеленчукот. Никогаш не гответе ја супата на највисока температура. Подобро е подолго да се крчка на потивок оган, бидејќи така нејзините состојки нема да бидат преварени, а витамините и минералите изгубени. Процедете ја и доварете тестенини по желба.

Колку подолго се вари толку похранлива ќе биде. Коските се богати со калциум, магнезиум, калиум, фосфор, железо и содржат протеин колаген кој со готвењето се претвора во желатин, што содржи важни аминокиселини.

Одберете ги вистинските коски

Токму желатинот е тој што ќе го направи ова јадење исклучително хранливо. Содржи глутамин, аминокиселина што помага за одржување на слузницата на цревата, а тоа потоа влијае и врз имунолошкиот систем. Токму цревата се примарното место за апсорпција на хранливите материи и се на првата одбранбена линија во нашиот имунолошки систем.

Колагенот исто така влијае позитивно врз кожата и зглобовите.

Затоа, при изборот на коски важно е тие да бидат разновидни, не само бели, со срцевина и маснотии во средината, бидејќи ќе ја заматат супата. Користете само такви со малку месо, како што се говедските вратни коски со многу сврзно ткиво, кај кои на секој зглоб има колаген. Секогаш гледајте да ги набавувате коските од домашни производители.

Крем-супа полна со витамини и минерали: Ги исфрла токсините и го забрзува метаболизмот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.