Анџела како девојче се вљубила во братучед ѝ: Иако нивната љубов била забранета, се венчале и денес имаат дете!

Љубовта не познава граници?

Анџела како девојче се вљубила во својот прв братучед, па потоа се венчале и покрај противењето на нивните семејства

Првите братучеди Мајкл Ли и Анџела Паенг од Јута, САД, ја споделиле својата приказна за нивната забранета љубов во една реално шоу. Двојката, која сега има дете, открила дека отсекогаш биле блиски како деца, како и дека таткото на Анџела и мајката на Мајкл биле брат и сестра.

Тие биле принудени да се разделат откако родителите ги фатиле како се бакнуваат во гардеробер. Мајкл раскажал за Extreme Love за моментот кога биле средношколци и кога тој и Анџела полека танцувале заедно во гардероберот и биле уловени како се бакнуваат.

Кога нивните родители сфатиле што планираат, одлучиле да ги држат разделени братучедите некое време.

Тие продолжиле понатаму со животот, дури и се венчале со други луѓе, но се развеле. Потоа, еден семеен собир ги зближил уште повеќе од претходно.

И покрај тоа што се немале видено со години, и понатаму чувствувале искра еден за друг и одлучиле да продолжат таму каде што застанале. По зближувањето, двојката одлучила да му ја каже вистината на семејството и смислила прилично неконвенционален начин за да го направи тоа. За да му ја соопштат веста на семејството, Анџела и Мајкл одлучиле да објават графичка фотографија од нивен бакнеж на нивната семејна фејсбук-страница.

„Но се чинеше дека таа духовита најава не го освои семејството. Беа шокирани и ужаснати“, објаснил Мајкл.


И покрај негативната реакција, братучедите одлучиле дека нема повторно да се разделат и започнале врска. Отишле во Колорадо да се венчаат, бидејќи тоа било нелегално во нивниот роден град Јута.

Во 2019 година го очекувале своето прво заедничко дете, но докторот, за жал, не можел да чуе срцебиење. Меѓутоа, шест месеци подоцна, роднините потврдиле дека повторно очекуваат бебе и го дочекале својот син Ерик во 2020 година.

Братучедите можеби се задоволни од својата љубовна приказна, но многу луѓе на социјалните мрежи гледаат проблем во нивната врска.

„Како да не е доволно лошо тоа што се роднини. Зошто мораат да се бакнуваат така?!“, твитувал еден гледач што ја гледал приказната на двојката.

Друг забележал:

„Знаев дека во некој момент ќе видам блиски роднини како се сакаат во оваа емисија“, „Тешко е да се гледаат братучеди како се бакнуваат. Чувствувам дека само сакаат да шокираат“, додал трет.

„Мајка ми ми кажа да го следам своето срце и се омажив за мојот полубрат“: Оваа девојка ја шокирала јавноста со својата постапка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.