Дали сте за нешто многу вкусно? Пробајте маринирана пастрмка!

За 2 лица

Риба во маринада

Маринираното месо е многу вкусно и сочно, можете да го зачините и да го оставите да отстои во маринада неколку дена пред употребата, па да го испечете кога ви треба.

За приготвување на маринирана пастрмка за две лица ќе ви бидат потребни 20 минути. Рибата треба да отстои во маринадата 4 часа, по што се пече во рерна 40 минути.

Состојки:

* 2 исчистени пастрмки од 300 г

* 3 чешниња лук

* 1 лимон

* 30 мл маслиново масло

* вода по потреба

* 1/2 китка магдонос

* сол

За прилог:

* 500 г компири

* 1 китка блитва

* 3 чешниња лук

* 30 мл маслиново масло

* 3 лажици јаболков оцет

* сол

Приготвување:

Прво се приготвува маринадата за рибата. Лукот се чисти и се сечка на листови, магдоносот се мие и ситно се сечка. Кората од лимонот ситно се ренда, а сокот се цеди.

Во сад се соединуваат лукот, магдоносот, сокот и ренданата кората од лимон, маслиновото масло и малку вода. Се посолува по желба и се меша.

Исчистените пастрмки се ставаат во маринадата и се оставаат да отстојат најмалку 4 часа.

Плехот се обложува со хартија за печење и во него се ставаат маринираните пастрмки.

Се прелеваат со малку маринада и се печат во загреана рерна на 200°С, додека заруменат.

За приготвување на прилогот, компирите се лупат и се сечкаат на на подебели резанки, па се варат во солена вода.

Блитвата се чисти и се бланшира, па се сечка крупно. Лукот се сечка на листови.

Сварените компири се соединуваат со блитвата и лукот, се прелеваат со маслиново масло и јаболков оцет и полека се мешаат да се распоредат состојките рамномерно.

Компир-салатата се послужува со печената риба.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.