Време е за ужина! Чоко-коцки со бисквити

За 6 лица

Пробајте ги и нема да зажалите!

Ако практикувате слатка ужина со кафе или чај, парче домашен колач или торта е одличен избор.

Состојки:

  • 185 г путер
  • 185 г чоколадо за готвење
  • 85 г брашно
  • 40 г какао
  • 3 јајца
  • 280 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 100 г млечно чоколадо
  • 75 г плазма-бисквити

 Приготвување:

  1. Во тенџере се мешаат искршеното чоколадо за готвење и путерот, па се загреваат на умерена температура, со непрекинато мешање, додека се растопат и поврзат состојките. Се остава смесата да се олади.
  2. Посебно се соединуваат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се мати со миксер додека се удвои и посветли смесата.
  3. Постепено се додава оладената смеса од чоколадо и путер, со непрекинато матење со миксер.
  4. Се мешаат брашното и какаото, па се додаваат во смесата за пандишпанот.
  5. Помал плех се обложува со хартија за печење и во него се става приготвената смеса. Млечното чоколадо и бисквитите се сечкаат на коцки, па се посипуваат преку смесата во плехот. Со шпатула состојките се втиснуваат во смесата.
  6. Се пече во загреана рерна на 180°С, околу 30 минути.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.