Пилешко месо полнето со моцарела

За 4 лица

Домашни деликатеси

Вкусните јадења од месо и од зеленчук, приготвени на едноставен начин, се празник за непцата. Токму такво е и ова пилешко месо полнето со моцарела!

Состојки:

  • 600 г пилешко бело месо
  • 200 г моцарела
  • 100 г екстра бело брашно тип 400
  • 200 г лебни трошки
  • 50 г пармезан
  • 1 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче лук во прав
  • 2 јајца
  • масло
  • сол

За сосот:

  • 200 г излупени домати
  • 2 лажици маслиново масло
  • оригано
  • 1 лажиче шеќер
  • сол

Приготвување:

  1. Пилешкото бело месо се сечка на подебели парчиња, со димензии 2 х 4 см. Моцарелата се сечка на малку помали стапчиња.
  2. На секое парче пилешко месо по средината се прави џеб, па во него се става стапче моцарела. Сирењето мора целосно да биде обложено со пилешкото месо, за да не истече во текот на печењето.
  3. Посебно се приготвува смесата за панирање. Во чинија се мешаат лебните трошки, пармезанот, ориганото и лукот во прав.
  4. Полнетите пакетчиња од пилешко месо се валаат во брашното потоа во изматените јајца и на крајот во смесата од лебни трошки. Се пржат на врело масло од двете страни, додека заруменат.
  5. За приготвување на сосот се соединуваат миксираните излупени домати, маслиновото масло, шеќер и малку сол, па се вари. Пилешкото месо се послужува со сосот.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.