7 кобни грешки што сите ги правите кога печете пилешко на скара!

Престанете со ова

Не смеете да го правите ова кога приготвувате пилешко месо на скара

Професионален готвач и експерт за месо за Business Insider ги издвоил најчестите грешки при печењето пилешко месо на скара.

Скарата ви е преврела

Не смеете да печете пилешко на скара на висока температура. Ако користите плинска скара, идеална температура е околу 180 степени Целзиусови. Доколку, пак, печете пилешки крилца на дрвен јаглен за скара, турнете го јагленот на една страна за да се пече на индиректна топлина. На овој начин, ќе добиете топлина за ложење на една страна, додека на другата ќе имате индиректна топлина која овозможува полесно печење.

Не користите капак за тавче

Треба да знаете дека кај скарите со капак, при секое отворање температурата паѓа. Па, обидете се да создадете услови како во рерна додека се пече пилешкото за да не се губи драгоцената топлина.

Не користите термометар за месо

Ова е една од најчестите грешки во многу домови. Термометарот за месо најдобро ќе ви покаже кога месото е готово. За најпрецизно мерење, ставете го термометарот во најдебелото парче месо, но внимавајте да не допрете коска. Кога внатрешната температура на пилешкото месо ќе покаже 74 степени Целзиусови, тоа значи дека се испекло доволно.

Прерано додавате прелив

Доколку сте од оние домаќинки кои имаат обичај да го премачкуваат пилешкото со преливи за подобар вкус и карамелизирана кожичка, гледајте тоа да не биде прерано. Ваквите преливи обично содржат многу шеќери кои ако прерано ги додадете, сосот може брзо да изгори и да го продолжи печењето на месото.

Ја претрупувате скарата со друга храна

Многу жени, покрај пилешкото на скарата додаваат и различен зеленчук. Но тоа е грешка. Пламенот кој настанува од капнувањето маснотии потешко ќе се изгаси, а како последица, месото ќе има загорен вкус.

На различни парчиња месо им треба различно време за да се испечат. Времето и температурата на печењето зависат од парчето месо. Ако печете пилешко филе, превртете го четири пати. Гледајте двете превртувања да бидат на повисока температура, за месото да добие вкус на чад и да го задржи внатрешниот сок, додека наредните две превртувања нека бидат на пониска температура.

Не го оставате месото да се одмори

Нетрпеливоста на домаќинките при печењето пилешко на скара доведува до лоша скара. За пилешкото да не ги изгуби соковите, пред да го исечете, задолжително оставете го да одмори малку од топлината. На помалите парчиња ќе им бидат доволни пет минути, а за половина или цело пиле, добро е да го оставите 15 до 30 минути.

Не ги чистите редовно решетките на скарата

А тоа е неопходно за месото совршено да се испече. Ако немате при рака четка за чистење, можете да се послужите со алуминиумска фолија. Со неа и со помош на фаќалка за скара ќе можете да ги исчистите решетките.

4 совети за совршен зеленчук на скара
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.