5 јадења од килограм грав: Штедливи рецепти што треба да ги сочувате

За две до три лица

Количината можете да ја прилагодите според бројот на членови во домот

1. Стар чорбест грав

Состојки:

  • 250 г грав
  • 100 г сува сланина или друго суво месо
  • 1 помала главица кромид или половина поголема
  • 1 помал компир
  • лавров лист
  • малку мелена пиперка
  • бибер по вкус
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • малку масло

Приготвување:

Добро измијте го гравот, па сипете вода да го потопи. Оставете го да вире околу 5-6 минути, исцедете го и добро измијте го со ладна вода. Прелејте го со чиста вода, па додајте сечкан кромид, сланина, компир, лавров лист, бибер, пиперка и малку масло. Покријте го и гответе го на тивок оган, по потреба долевајте вода. При крај, додајте го исечканиот лук. Извадете го компирот, изгмечете го и вратете го во гравот, па додајте сол и бибер по вкус.

2. Пасиран грав

Состојки:

  • 250 г грав
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 100 мл масло
  • мелена пиперка
  • сол
  • бибер

Приготвување:

Измијте го гравот, прелејте го со вода и ставете го да се вари. Кога ќе зоврие, исцедете го, прелејте го со нова млака вода и продолжете со варење. Сварениот грав исцедете го и испасирајте го, па зачинете го со сол и бибер, додајте малку од водата во која се варел за да се разреди, но не премногу, па изматете го со миксер да добиете мазна смеса. Исчистете ги кромидот и лукот, ситно исечкајте ги, пропржете ги на масло, па додајте ги во изматениот грав. Кратко пропржете две лажички мелена пиперка на малку масло, па додајте го тоа во пасираниот грав.

3. Грав со кисела зелка

Состојки:

  • 150 г грав
  • 150 г кисела изрендана зелка
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 г сланина
  • 200 г суви ребра
  • 1 лажица мелена пиперка
  • 1 компир

Приготвување:

Еден ден претходно, прелејте го гравот со вода и оставете го да набабри. Утредента, истурете ја водата, сипете нова, додајте ги ребрата и ставете го да се вари. Ситно исечкајте кромид и продинстајте го на масло. Кога ќе пожолти малку, додајте пиперка и кисела зелка. Сипете шолја вода и динстајте.

Исечкајте ги лукот и сланината па додајте ги во зелката и динстајте додека зелката омекне целосно. Кога гравот и сувите ребра ќе се сварат, додајте ја зелката, промешајте и загревајте.

4. Тавче-гравче

Состојки:

  • 200 г грав
  • 2 главици кромид
  • масло
  • сув зачин
  • сол
  • бибер
  • малку лук
  • 1 лажичка брашно
  • малку мелена пиперка

Приготвување:

Гравот и 1 главица исечкан кромид ставете ги да се загреваат додека гравот омекне. Исцедете го вишокот вода. На малку масло испржете ја преостанатата главица кромид, додајте малку мелена пиперка и 1 лажичка брашно, па сето тоа сипете го во гравот. Префрлете го тоа во огноотпорен сад и печете во рерна на 180 степени додека ја добиете посакуваната густина (најдобро е околу половина час).

5. Посни ќофтиња од грав

Состојки:

  • 150 г грав
  • 2 помали главици кромид
  • рамна лажица сув зачин
  • 2 лажици палента
  • 2 лажици презла
  • лавров лист
  • сол и бибер по вкус
  • масло

Приготвување:

Сварете го гравот во посолена вода со лавровиот лист, па исцедете го и извадете го лаворот. Изгмечете го гравот во пире, па додајте палента, презла, сол и бибер. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па измешајте го со смесата од грав. Сето тоа убаво соединете го, па со раце направете топчиња и пржете ги на загреано масло од двете страни додека поруменат. Вадете ги на хартиена салвета за да го впие вишокот маснотии.

Расположени сте за највкусниот грав што некогаш сте го пробале? Еве два начина да ја приготвите најдобрата запршка за за грав!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.