Докторите предупредуваат за заблудите што кружат за коронавирусот: Никако не смеете да ги послушате овие совети!

Внимавајте!

Невистините што кружат на Интернет можат сериозно да ви го нарушат здравјето

Откако е прогласена епидемија на овој вирус, Интернетот стана преплавен со разни совети и препораки од лица што не се ни најмалку стручни во оваа област. Некои се безопасни, но некои можат сериозно да ви го загрозат здравјето.

Никако не смеете да ги следите овие совети…

Лукот како лек

Многу корисници на социјалните мрежи говорат дека би требало да јадеме лук и дека тој е еден од најмоќните лекови против вируси. Вистина е дека лукот е одличен за многу проблеми и за јакнење на имунитетот, но никако не може да се смета за лек против корона.

Од Светската здравствена организација велат дека иако се работи за здрава храна што може да содржи извесни антимикробски својства, не постојат докази дека консумирањето лук може да ги заштити луѓето од новиот коронавирус. Еден британски весник известил за жена што морала да биде примена на болничко лечење поради тешко воспаление на грлото како последица на тоа што изела еден и пол килограм свеж лук.

„Знаеме дека консумирањето овошје и зеленчук и пиењето вода можат да бидат добри за здравјето. Меѓутоа, нема докази дека некоја конкретна храна ќе помогне во борбата против овој вирус“, едногласни се докторите.

Минерали

Лекот за корона се’ уште не е направен, па така сите лекови што се рекламираат за таа цела можат сериозно да го загрозат вашето здравје. Јутјуберот Џордан Сејтер се обидел да ги измами луѓето продавајќи им лек што наводно содржи чудотворни минерали. Здравствените установи на многу земји издале официјални предупредувања дека овој и сличните лекови никако не смеат да се купуваат.

Пиење вода на секои 15 минути

Една објава што ја копираа и споделуваа бројни корисници на Фејсбук цитира извесен јапонски доктор, кој препорачува пиење вода на секои 15 минути. Ова наводно ги плакне вирусите од устата.

Професорката Блумфилд тврди дека нема никакви докази дека тоа навистина помага.

„Вирусите од воздухот влегуваат во телото преку респираторниот тракт кога ќе вдишете, па дури и постојаното пиење вода нема да ве спречи да се заразите. Сепак, пиењето вода и постојаната хидратација генерално се смета за добар медицински совет“, објаснува таа.

Изложување на сонце

Многумина тврдат дека топлината го убива вирусот, па се препорачува пиење врела вода, бањање во врела вода или користење фен. Во една објава, што ја копираа и споделуваа корисници на социјалните мрежи од различни земји и која лажно е припишана на УНИЦЕФ, се тврди дека пиењето врела вода и изложувањето на сонце го убива вирусот.

Докторката Шарлот Горницка вели:

„Знаеме дека вирусот грип не опстанува долго надвор од телото за време на летото, но се’ уште не знаеме како топлината влијае врз новиот коронавирус. Еднаш кога вирусот ќе влезе во вашето тело, не постои начин да ги убиете, вашето тело мора само да се избори со него.

Надвор од телото, за да го уништите вирусот, потребни се температури од околу 60 степени, што е многу потопло од која било бања или сауна“, заклучува таа.

Перењето на постелнината или пешкирите на 60 степени е добра идеја, бидејќи тоа може да го убие вирусот што се задржал на ткаенината. Но не е добра опција за миење на кожата.

Слушнавте ли за новото откритие? Еве која крвна група е најзагрозена, а која е најотпорна на коронавирусот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.