Чистење на тоалетот за време на епидемија: Три работи на кои особено треба да внимавате

Обрнете внимание

Овие правила треба секогаш да ги почитувате, но особено за време на коронавирус

На повеќето луѓе деновиве целта им е да ги заштитат своите најблиски и себеси од коронавирусот.

Она што експертите цело време го нагласуваат е важноста на хигиената – личната, респираторната и хигиената на раце, а меѓу важните ставки е и редовното чистење и дезинфицирање на домот.

Додека не можеме да влијаеме врз чистотата на работите со кои доаѓаме во контакт надвор од домот, како што се површините во продавниците или јавниот превоз, внатре во домот постојат некои чекори што можеме да ги преземеме за дополнително да го заштитиме семејството од овој вирус.

Една од просториите што треба да биде во центарот на вниманието во овој случај е тоалетот. Помеѓу другото, се работи за просторија во која има голем број површини со кои честопати сме во контакт, поради што треба редовно да ги чистите.

Во продолжение прочитајте ги трите работи на кои треба особено да внимавате во тоалетот…

1. Редовно чистете ги сите површини, вклучувајќи ја тоалетната шолја, туш кабината/кадата и мијалникот

Сите достапни површини во тоалетот треба да ги чистите со детергент и потоа да ги дезинфицирате. За време на чистењето користете заштитни ракавици, а по чистењето, сиот отпад што настанал, фрлете го во корпа за отпадоци најбрзо што можете.

2. Чувајте ги четките за заби раздвоени

Внимавајте четките да не ви стојат премногу блиску едни до други, ако во домот живеат повеќе лица, бидејќи овој предмет неретко има најмногу бактерии и вируси на себе.

3. Редовно перете ги пешкирите и не ги делете со лице кое е болно

Веќе со денови слушаме колку е важно да ги миеме рацете, но важен дел од тој процес е и нивното бришење. Кога можете, пожелно е да ги бришете рацете со помош на хартија за еднократна употреба. Ако, пак, користите класични пешкири, важно е редовно да ги перете на висока температура и да ги менувате кога ќе станат влажни.

Обрнете внимание и на следново предупредување на експертите: Залудно ви е миењето и дезинфицирањето на рацете ако го носите ова!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.