Ако иконата во домот ви стои на ОВА место, веднаш тргнете ја од таму: Многумина не знаат дека така привлекуваат голема несреќа!

Многу луѓе ја чуваат таму, но тоа е погрешно

Иконата во домот би требало да ја поставите според правилата на христијанската вера

Икона е слика од светец пред кого се молиме за благосостојба и здравје на нашите најмили, но во неа пронаоѓаме и утеха во тешките животни мигови, па затоа многу е важно каде се наоѓа таа во домот.

Првото и основно правило при поставувањето православни икони во домот е дека оваа света слика би требало да се постави на источниот ѕид во главната просторија.

Меѓутоа, со оглед на тоа што куќите и становите во кои живееме најчесто не се ориентирани како храмовите и црквите во правец исток-запад, се случува да има прозорец или тераса на источната страна, па не е возможно да се постави иконата токму на тоа место. Во тој случај, закачете ја на јужниот или северниот ѕид. Само никако не поставувајте ја на западниот – него секогаш одбегнувајте го!

Како се поставува иконата на ѕидот?

Првенствено, би требало да го почитувате правилото за распоред на иконите на иконостасот, што значи дека ако во вашиот дом поседувате икони од Исус Христос, Пресвета Богородица и икона од крсна слава, треба да ги поставите така што иконата од Исус ќе стои во средина, додека од лево (вашата лева страна кога гледате во иконата) треба да ја поставите иконата на Богородица, а десно иконата на семејната слава.

Меѓутоа, ако имате само икона од Христос или само од Богородица, во тој случај, славската икона би требало да се постави од левата страна. Важно е и полицата на ѕидот или шкафот да биде малку над нивото на вашите очи, така што вашиот поглед на иконата ќе биде насочен оддолу нагоре.

Што не смее да стои покрај иконата?

Покрај нив никако не смеат да стојат несветовни предмети:

  • сувенири
  • фотографии
  • играчки
  • лични предмети
  • ламба
  • телефон
  • компјутер
  • некои други слики
  • гоблени и слично.

Откако ќе ја купите, задолжително осветете ја иконата во некој храм пред да ја поставите на нејзиното соодветно место – во централната просторија во вашиот дом каде што поминувате најмногу време – дневната соба или трпезаријата. Иконата можете да ја поставите и во ходникот.

Кое место привлекува несреќа?

Дефинитивно не би требало да ја чувате на телевизорот, бидејќи според обичаите, тоа е богохулење и така привлекувате несреќа. Постои верување и дека иконите не треба да се поставуваат во спалната соба.

Во некои православни земји веруваат дека секоја куќа е мала црква, па затоа во секое православно семејство полицата со икони се наоѓа на најистакнатото место во домот. Истовремено, бројот на иконите зборуваат за богатството и положбата на домаќините во општеството.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.