Мрачните тајни на модната индустрија: Моделите не смеат да одат во тоалет, 12 часа не пијат вода, а ОВА е особено морничаво!

Големи жртви

Модната индустрија крие многу тајни и ригорозни правила на однесување, на кои се согласуваат сите што ќе навлезат во овој свет

Да се биде манекенка или модел на прв поглед изгледа совршено и многу жени мислат дека тоа е работа од соништата. Сепак, би се изненадиле кога би дознале што сѐ крие модната индустрија од нас и што сѐ бара од манекенките.

Диетите и вежбањето не се единствените правила до кои мора да се придржуваат моделите и манекенките за да ги задоволат стандардите на оваа професија. Манекенката Викторија Кејн открила уште неколку работи што се случуваат зад кулисите на моделствто.

1. Нема одење во тоалет

Викторија открила дека девојките не смеат да користат тоалет, дури ни ако имаат менструација. Таа и самата признала дека носела исклучиво црна облека кога имала циклус за да не се видат потенцијалните дамки од крв. Причината се крие во тоа што има голема навала на девојки на кастинзите и ако го изгубите местото во редот поради тоа што ви се одело во тоалет, ќе мора да се вратите на крајот од редот.

2. Проблеми со тампони

Кога станува збор за женските проблеми, влошките никако не доаѓаат предвид поради можното оцртување на облеката. А Викторија открила дека манекенките често не носат гаќички и градник токму од истата причина. Како што вели таа, тампоните се дозволени, но под одредени правила. Кончето не смее никаде да ѕирка за да не се види случајно од долната облека, па манекенките го отсекуваат, поради што подоцна имаат проблем да го извадат тампонот.

3. Не пијат течности

Во една пригода и самата Адријана Лима открила како се подготвува за една ревија. Таа девет дена пред фотосесија или ревија не јаде цврста храна и пие само протеински шејкови. Потоа, 12 часа пред снимање или ревија целосно престанува да внесува какви било течности.

4. Првут

Поради честите стилизирања на косата и комплицираните фризури за потребите на снимањата и ревиите, манекенките се многу посклони на првут. Секојдневното третирање на косата со разни препарати за стилизирање, како што се лаковите, како и константното изложување на топлина, доведува до нејзино оштетување. Затоа манекенките не ја мијат косата неколку дена, за да им се обнови темето.

5. Лажни облини

Женски облини се додаваат за миг со помош на разни програми и Фотошоп, но Викторија открила дека на моделите обично им се додаваат посебни облоги и калапи што им даваат поголем волумен на градите, задникот и колковите. Ова е само уште еден доказ дека модната индустрија се служи со разни трикови за да добие што подобри фотографии. Затоа, следен пат кога ќе видите некоја совршена манекенка со блескава кожа и совршени облини, знајте дека не е сѐ така како што изгледа на прв поглед.

„Ми беше кажано да земам кокаин и да имам многу се*с за да ОСЛАБАМ“ Исповед на МАНЕКЕНКАТА за мачното злоставување што го трпела како МАЛОЛЕТНА
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.