10 години докторите не можеле да откријат од што се разболела оваа жена: А потоа, обични мајстори ја решиле мистеријата!

Неверојатно

Кети боледувала со години, а докторите не знаеле што ја предизвикува нејзината мистериозна болест

Од година во година, здравјето на Кети Вилсон рапидно се влошувало. Како што минувале годините, таа едвај се движела, а деновите ги поминувала спиејќи или безволно лежејќи. И покрај тоа што редовно одела на лекар, речиси 10 години никој не можел да открие од што боледува оваа несреќна жена.

Во меѓувреме, нејзиното здравје толку се влошило што едвај одела.

Кети чувствувала дека наскоро ќе умре. Надежта ја напуштила, бидејќи докторите не знаеле како да ѝ помогнат, но потоа, обични мајстори го сториле невозможното – ја откриле причината за нејзината болест.

А како дошло до тоа?

Кети одлучила да направи нешто убаво за себе, па викнала мајстори да ја реновираат нејзината куќа.

Тие промениле тушот, ставиле модерни плочки, ставиле ново шкафче и го замениле бојлерот. Меѓутоа, кога екипата дошла да го замени стариот бојлер и да го стави новиот, пронашле нешто неверојатно.

Кој и да го поставил тој бојлер 10 години претходно, не го поставил како што треба. Кети не ни знаела дека уредот испуштал опасен гас и ја труел сите тие години. Кога работниците сфатиле колку е опасен проблемот, ја контактирале Кети и ѝ кажале за што станува збор. Сега сите симптоми имале смисла!

Погледнете го видеото за нејзината приказна…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.