Најубавата жена на светот продавала крв за да преживее: Сега живее живот од соништата!

И мажите често ја оставале

Никол Шерцингер сега е една од најмоќните убавици, но некогаш се борела за парче леб

Пејачката Никол Шерцингер важи за една од најубавите дами на светската јавна сцена. Меѓутоа, животот не ја штедел, па морала многу да се бори и да работи за да ги оствари своите желби и да има сѐ што има денес.

Неодамна наполни 44 години, кои во нејзиниот случај се само бројка. Сега ужива во сѐ што стекнала, но често истакнува дека воопшто не ѝ било лесно. Нејзините родители немале многу пари, па самата заработувала за своето образование.

Работела сѐ и сешто: продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, но она што најмногу шокира е дека продавала крв.

„Најсиромашна бев кога студирав. Давав крв за да заработам пари“, истакнала Никол.


Открила дека најчест оброк ѝ биле палачинките со вода, бидејќи биле евтини и долго ја држеле сита.

„Многу го сакам моето семејство, но никогаш не сум имала некој што би ми купил автомобил или би ми платил часови по пеење или танцување. Сѐ постигнав сама, со свој труд“, додала таа.

Познатата пејачка се прослави во групата „Пусикет долс“ каде што беше главен вокал и најистакната членка. А Шерцингер често беше во центарот на вниманието и поради своите врски и бурниот љубовен живот. Неодамна, рагбистот Том Еванс и таа ја прославија првата годишнина од врската, па многумина коментираа дека покрај него изгледа среќно и исполнето.

Пред тоа имаше врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а како што се зборуваше, таа му раскинала, бидејќи тој немал сериозни намери со неа.

Исто така, Никол беше седум години во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, а како што тој има кажано, ја прекинале врската бидејќи не можеле често да се гледаат поради обврските.

Има 43 години, лице полно со ботокс и тело на божица: Дали Никол Шерцингер овој пат претерала малку?
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе