Има 43 години, лице полно со ботокс и тело на божица: Дали Никол Шерцингер овој пат претерала малку?

Погледнете

Поранешната лидерка на групата The Pussycat Dolls, заедно со партнерот Том Еванс, се забавуваат на најпопуларниот музички фестивал во светот Коучела во Калифорнија. За таа пригода, атрактивната пејачка се појавила во малку вулгарен стајлинг што многу модни критичари го осудиле

За Никол Шерцингер многумина сметаат дека е најзгодната жена на светот. Честопати, освен со песните, таа ги воодушевува обожавателите и со изгледот, за што е заслужно напорното вежбање.

Познато е дека Никол генерално вежба ХИИТ тренинзи, односно интензивни интервални тренинзи со фокус на три мускулни групи – горниот дел на рацете и стомакот, глутеусот, но и надворешниот и внатрешниот дел на бутовите.

„Штица“ со склекови, клекнувања и исчекори во страна се само некои од вежбите поради кои пејачката изгледа речиси совршено.

На Коучела ја покажала завидната фигура, појавувајќи се во портокалово бикини и лежерно здолниште со шлицови, а странските медиумите изјавиле дека се тридневната посета на фестивалот ангажирала тим од експерти за да се погрижат за неа – стилистката Џесика Пастер, фризерот Д. Вашингтон и шминкерот Адам Бурел.

Дали ви се допаѓа ова издание на Никол Шерцингер или и вие мислите дека претерала малку?

Никол Кидман направила модна катастрофа: Не може да биде полошо од ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.