Нина Бадриќ уживала на островот на Сандра Мељниченко: Тука не може секој да влезе, една ноќ чини 50.000 евра!

Вака се живее...

Фото: Инстаграм

Пејачката Нина Бадриќ уживала на дестинацијата од соништата, Малдивите и тоа не било каде, туку на приватен остров чиј сопственик е нејзината пријателка Сандра Мељниченко, наведува извор за медиумите.

После бројните настапи, па и неодаменшното гостување во Белград, Нина решила да си дозволи заслужен одмор, а дека се работи за потполно уживање говори и цената на едно ноќевање во одмаралиштето каде е сместена пејачката.

Пејачката времето го поминува читајќи книги на плажа и возејќи велосипед, а на фотографиите на нејзиниот Инстаграм сите и завидуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Патувањата се како брак. Мислиш дека ти имаш контрола. Се што научив за животот може да се сведе на три зборови: Животот оди понатаму – порачала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Инаку познато е на јавноста дека Нина со години се дружи со поранешната моделсица Сандра Мељниченко, но дека е невозможно двете да се видат во јавност, па затоа се претпоставува дека Нина е заедно со Сандра на летување, бидејќи таа на фотографиите е сама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Нина рекла дека ќе оди на Малдивите и мислиме дека замина со неа, бидејќи не спомена кој ќе и прави друштво. Ја почитува нивната приватност, ниту на нас ниту на најблиските пријатели не кажува како живее Сандра. Во тој комлпекс на островот не може секој да влезе, а кој сака мора да „искешира“ 50.000 евра за една вечер – рекол неименуван извор за српски „Блиц“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.