Благодарение на ОВА Нина Бадриќ го симна вишокот килограми: Многу е едноставно, но бара упорност

Изгледот на хрватската пејачка е беспрекорен, а сега е откриено и како го постигнува!

Пејачката Нина Бадриќ отсекогаш важела за згодна дама со прекрасна фигура, но во изминатиов период поп-ѕвездата интензивно работеше на себе. Иако влезе во шестата деценија од животот, многумина ја коментираат нејзината беспрекорна и совршена линија.

Познато е дека телото се менува со годините, поради што метаболизмот е побавен, па затоа слабеењето е многу потешко. Но Нина Бадриќ навреме ги воведе здравите навики во своето секојдневие, а во една пригода откри како успеала да ослаби 20 килограми.

Таа пред две години воведе нова диета и до ден денес строго се придржува до неа. Имено, Нина од исхраната ја исклучила храната од животинско потекло, но понекогаш се почестува со риба. Изгледот на Нина Бадриќ е неверојатен, а оваа диета ѝ донесе освешување без голем труд…

Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се блескави, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години, кога не размислував толку за храната што ја јадам. Долго време ја следам диетата на Новак Ѓоковиќ и многу мои блиски луѓе се хранат како него со години и навистина имаат резултати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Мојата сила тројно се зголеми. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана, по што килограмите ќе се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од оваа диета се навистина непроценливи за нашето здравје и живот, изјави Нина Бадриќ, која е очигледен пример дека никогаш не треба да се откажувате од себе.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.