Експертите советуваат – Подобро да не ги миете рацете ако ова го носите!

Легло е на зарази и бактерии, чувајте се

Миење раце, дезинфиција на работна површина, носење маски… станаа дел од секојдневната рутина.

Сепак експертите предупредуваат дека постои една работа која ја носиме, а не треба.

Станува збор за накит кој оневозможува ефикасно миење на раце и дезинфекција. Првенствено тоа се однесува на прстени и алки,  тврдат експертите.

Истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија покажало дека лица кои носат накит не можат доволно добро да одржуваат хигиена бидејќи кожата под накитот останува заштитена од дезинфекција и станува идеално место за развој на бактерии.

Истражувањата покажале дека лица кои носат прстени, по користење на дезинфекциски средтства, имаат повеќе бактерии на рацете, од оние кои не носат накит. Исто така треба да се знае дека не е доволно само да се извади накитот за време на миење раце и дезинфекција.

Ако вашиот накит е заразен со бактерии, а вие го вратете после миењето на рацете, вашите раце повторно ќе бидат заразени. Ако не сакате да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш не го носете“, рекла Луис Вилсон, експерт за здравје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.