5 работи што мора да ги исфрлите од дома – ВЕДНАШ: Се верува дека привлекуваат болести и несреќа

Прочитајте!

Ја знаете онаа стара изрека: „Ред во куќата, ред во главата“? Целата филозофија на фенг шуи се заснова токму на тоа

Според фенг шуи, многу е важно вашиот дом да биде уреден и чист за да напредувате во духовна смисла. Оваа филозофија се залага за исфрлање на сите непотребни работи, како и исфрлање на сите оштетени предмети од домот, за кои се смета дека носат несреќа.

Навиката да чуваме, складираме и собираме непотребни работи што не ги користиме (под изговорот дека можеби еден ден ќе ни затребаат) укажува на тоа дека длабоко во себе имаме навика да ги чуваме стравот, тагата, незадоволството, грижите. На тој начин му испраќаме две пораки на нашиот мозок и на нашиот живот: дека не веруваме во утре и дека новото и подоброто не е за нас.

Ако собираме работи под креветот, тие можат да го нарушат нашето здравје, а потребата да редиме предмети на полиците (особено над работните маси и креветот) предизвикува постојан страв од неочекуваното.

Кога го натрупуваме центарот, североистокот и југозападот на сопствениот простор, тоа значи дека премногу сме загрижени за своето здравје и најчесто ги загрозуваме функциите на панкреасот, желудникот или слезината.

Нередот на запад или северозапад најчесто нè става во конфликтни ситуации поради неконтролираност, а белите дробови и дебелото црево стануваат осетлива точка.

Пренатрупаниот север ги ограничува нашите потенцијали, нè спречува јасно да ги изразуваме своите чувства, ни носи стравови и проблеми со мочниот меур и бубрезите.

Истокот и југоистокот, на натрупувањето работи ќе возвратат со неодлучност, конфузија, потиснат гнев, но и дисфункција на црниот дроб и жолчното кесе.

Нередот на југот носи проблематично и насилно однесување, изостанок од признание, омаловажување и нарушување на работата на срцето, тенкото црево и имунолошкиот систем.

Животот не стагнира поради овие работи, туку поради ставот кон чувањето и задржувањето. Кога чуваме нешто, всушност размислуваме за потребите, за сиромаштијата, веруваме дека утре ќе ни недостигаат тие работи и нема да можеме да ги исполниме нашите потреби.

Ова се петте работи што веднаш треба да ги исфрлите од дома:

1. Стара облека што не сте ја носеле со години, а ви зафаќа место во плакарот.

2. Скршени и оштетени садови, како и напукнато огледало – привлекуваат сиромаштија.

3. Стари четки за заби, стара шминка што со години не ја користите, кремови и козметички препарати.

4. Предмети од покојник – најдобро е да ги разделите или едноставно да му ги подарите некому.

5. Лекови со истечен рок, сирупи и витамини што со години не сте ги пиеле.

Работи што не се фрлаат од дома: Ако го чувате ова, ќе имате благосостојба
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе