Работи што не се фрлаат од дома: Ако го чувате ова, ќе имате благосостојба

Совет!

Постојат некои работи што никогаш не се фрлаат од дома

Пишувавме за тоа кои работи не смеете да ги задржувате во домот, односно кои мора да ги фрлите за да привлечете благосостојба.

Меѓутоа, постојат и такви предмети што зрачат со позитивна енергија и кои секогаш мора да ги чувате во вашиот дом за да имате среќа. Ова се шесте работи што не смеете да ги исфрлите од домот…

1. Леб

Лебот во многу култури, па и кај нас се смета за света храна. Симбол е на среќата и благосостојбата, па забрането е да го фрлате. Подобро е да го исушите и да им ги дадете ронките на птици отколку да фрлите парчиња леб.

2. Сол

Солта се третира исто како лебот. Покрај тоа, не се советува да ја позајмувате никому, бидејќи така благосостојбата го напушта домот.

3. Отсечени нокти или коса

Косата и ноктите, според црната магија се најпогодни за правење лоша карма. Па затоа, замотајте ги во марамче и фрлете ги во корпа за отпадоци. Не смеете да ги расфрлате околу домот.

4. Фотографии

Можете да ги уништите само оние фотографии на кои ги има вашите непријатели, под услов да не сте вие со нив на сликите, во спротивно ризикувате да привлечете болести и други проблеми.

5. Часовник

Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и можете сериозно да му наштетите на човекот чиј часовник ќе го уништите. Може да ги фрлите само оние часовници што не може да се поправат.

6. Паричник

Паричникот е финансиски талисман, па дури и ако е безвреден, немојте да го фрлате. Кога ќе купите нов паричник, чувајте го неколку дена во куќата. а потоа во него постепено префрлајте малку пари, полека прекинувајќи ја врската со стариот паричник.  Стариот паричник чувајте го во домот колку што можете подолго.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.