Ве „убива“ страшна главоболка? Еве на кој начин без лекови да ја излечите!

Постојат повеќе типови главоболки со различни симптоми и причини кои довеле до нив, но речиси сите можат да се излечат без лекови!

Дали поради стрес и замор или поради настинка, главоболките се појавуваат многу често и нè измачуваат. Тие се дефинитивно еден од најчестите проблеми помеѓу населението (една од 10-те најчести причини поради кои пациентите одат на доктор).

Според СЗО, речиси секој човек искусува одреден тип на главоболки од време на време. Иако знаат да бидат навистина исцрпувачки, болни и непријатни, сепак поголемиот дел од главоболките можат успешно да се третираат и тоа на природен начин.

Пред да започнете да барате апче, пробајте да ја отстраните на некој од следните начини:

  1. Во 500ml врела вода ставете една лажица сушени лисја од нане. По 30 минути исцедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
  2. Напијте се едно силно кафе (турско или еспресо), во кое што ќе исцедите еден лимон.
  3. Ставете една супена лажица кантарион во 250ml вода. Откако ќе поминат 15 минути, прецедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
  4. Исцедете сок од три кисели јаболка и во него додајте една лажица мед.
  5. Лисјата од гинко билоба се популарен лек за главоболка. Тие го подобруваат крвотокот и со тоа помагаат повеќе кислород да достигне до мозокот.
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе