Вкусен ролат со лешници: Рецепт на брзина во последен момент!

Ќе уживате во секое залаче!

ФОТО: Profimedia

Кремаст десерт што ќе ги задоволи сите ваши сетила

Состојки:

За кората

  • 5 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 40 грама какао во прав
  • 2 лажици брашно
  • малку сол
  • зачини (цимет, мускатно оревче)
  • путер за подмачкување на плехот

За филот

  • 250 милилитри слатка павлака
  • 100 грама црно чоколадо
  • арома од ванила

За глазурата

  • 100 грама млечно чоколадо
  • 20 грама путер
  • 50 грама покрупно мелени печени лешници
Приготвување:

За филот ставете чоколадото да се стопи и изматете ја павлаката. Кога чоколадото ќе се олади малку, измешајте го со павлаката и додајте арома од ванила. Оставете го да се лади во фрижидер.

Вклучете ја рерната на 220 степени, а во плехот ставете хартија за печење. Подмачкајте ги рабовите на плехот со малку путер, каде што хартијата не може убаво да легне, за да не ви се залепи бисквитот.

Изматете ги белките, па додајте една третина од шеќерот и направете цврст снег. Изматете ги жолчките со остатокот од шеќерот, па додајте какао, сол, зачини и брашно и измешајте. Потоа, внимателно додајте ги белките, пазејќи да не ја измешате премногу смесата. Кога сето тоа ќе се соедини, сипете го во плехот, па печете околу 7 минути.

Штом ја извадите кората од рерна, превртете ја на чиста и влажна кујнска крпа, па завиткајте ја заедно со крпата. Така ќе остане еластична.

Кога ќе се излади, филувајте ја и повторно завиткајте ја. Стопете го чоколадото со путерот и додајте ги сечканите лешници, па прелејте го изладениот ролат со глазура. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.