15 здравствени сигнали што ви ги испраќа телото: Не смеете да ги игнорирате!

Слушајте го вашето тело!

Секогаш слушајте го она што ви го порачува вашето тело, бидејќи тоа ве известува ако се случува нешто необично

Нашето тело е дизајнирано на фантастичен начин. Во него се случуваат милион процеси. Доколку се случи нешто необично, мора да го анализирате тоа, бидејќи телото ви открива што се случува со него.

Ова се 15-те здравствени сигнали што не смеете да ги занемарите…

Сува кожа: Телото нема доволно витамин Е. За да ги обновите изворите на витамин Е во телото, јадете ореви, рибино масло и маслиново масло.

Кршлива коса и нокти: Овие симптоми укажуваат на недостиг на витамин Б и калциум. Токму затоа треба да јадете повеќе леб со цели зрна.

Крвавење на непцата: Станува збор за недостиг на витамин Ц во организмот. Јадете што повеќе кромид и лук, овошје и зеленчук.

Лош сон и раздразливост: Ви недостигаат магнезиум и калиум. Јадете суви кајсии, сливи и цвекло.

Грчеви: Ви недостига магнезиум и калиум.

Сува кожа на лактите: Недостиг на витамин Ц и А. Тие се наоѓаат во сите овошја и зеленчуци со портокалова боја: моркови, тиква, домати, кајсии, суви кајсии и слично.

Желба за солено: Инфекцијата се смирила, но воспалителниот процес е засилен, првенствено во урогениталниот систем.

Желба за слатко: Исцрпени сте и ви треба доза енергија – глукоза. Подобро земете мед или темно чоколадо и така снабдете го телото со здрава енергија.

Желба за свеж зеленчук: Проблем со црниот дроб или гастритис. Свежата храна ќе му помогне на желудникот да се смири.

Ви се грицкаат сончогледови семки: На телото му недостигаат антиоксиданси.

Желба за кисело: На телото му треба стимулација на црниот дроб или жолчното ќесе. Додајте лимон или брусница во исхраната.

Желба за морски плодови: Ви недостига јод.

Желба за горчливо: Проблемот е во гастроинтестиналниот тракт. Ви треба детоксикација.

Желба за лутo: Зачинетата и лута храна е одлична за варењето, но никако не смеете да ја јадете на празен желудник.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.