Ви се јадат палачинки?: Џемот од кајсија е вистинска комбинација

Рецепт

Јули и август мирисаат на џемови кои нашите баби и мајки ги подготвувале. Нема добри домашни крофни, ниту палачинки без вистинскиот, домашно подготвен џем од кајсија по традиционален рецепт кој го наследивме од бабите.

Состојки:

1600 гр кајсии

1 лажица густин

700 гр шеќер

Подготовка:

Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и исечете ги на половина или коцки. Густинот промешајте го со шеќерот, потоа додадете го во овошјето и добро промешајте. Можете да ги изгмечите кајсиите со рацете за да се извади сокот кој е неоходен за готвење.

Овошната смеса постојано мешајте ја на загреана рерна.

Додека готвите, тргнете ја пената и веднаш потоа ставете ја смесата во тегла. Затворете со капаци на завртување, превртете ги наопаку и оставете ги да отстојат околу 5 минути на капакот. Процесот на готвење на џемот трае околу 40 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.