Голтка среќа: Вакво кафе не сте пробале

Рецепт

Како што знаете дека наутро ни е потребно кафе, ќе се согласите дека добро кафе ни е потребно и на крај на работното време.

Доколку ви кажеме дека во прашање е ледено кафе со највкусното чоколадо – дали имате изговор да го пробате?

Состојки:

3 топчиња Ferrero Rocher

2 шолји еспресо

100 мл млеко

Сладок крем од лешник

Коцки лед

Состојки за сладок крем од лешник:

200мл млеко

30мл шлаг

2 лажици сируп од лешник

Млечна пена

Ставете коцки лед во голема стаклена шолја во која на крајот ќе го истурите кафето. Врз ледот истурете 100 мл млеко.

Во друга шолја ставете две коцки чоколадо и таа шолја ставете на апаратот за еспресо. Ставете две дози кафе преку чоколадото, па чекајте да се стопи. Кога ќе се стопи, истурете преку ледот и млекото во другата шолја.

За подготовка на кремот од лешник наједноставно измиксирајте ги сите состојки и истурете преку кафето.

Погледнете како е подготвено:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IC homecafe ◕ᴥ◕ (@ichomecafe)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.