Велигденски мафини: Слатки залачиња што совршено се вклопуваат во празничната трпеза!

Превкусно!

Ако барате совршени слатки залачиња за празниците, овој рецепт е за вас…

Состојки:
  • 2 јајца
  • прстофат сол
  • 100 г кристален шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 супени лажици стопен путер
  • 4 супени лажици кисела павлака
  • 200 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 супени лажици гриз

За филот:

  • кајсии од компот
  • 200 мл изматен шлаг-крем
Приготвување:

Изматете ги белките со малку сол. Потоа, додајте шеќер и ванилин шеќер и продолжете со матење. Ставете и путер, павлака, жолчки, па изматете. Додајте брашно, гриз и прашок за печиво, па со шпатула соединете ја смесата. Префрлете ја во подмачкан калап за мафини и печење ги на 180 степени 20-25 минути. Кога ќе се оладат, филувајте ги со шлаг и ставете кајсија одозгора. Добар апетит!

Два одлични рецепта за Павлова торта: Најубавиот десерт на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.