Беше одвратен: Ги познавале познатите фаци пред да станат познати и откриваат какви се реално
Очекувано?
Корисниците на Редит што ги познавале холивудските ѕвезди пред да станат ѕвезди откриваат како се однесувале пред славата.
Ова се одговорите што привлекоа најголемо внимание:
Одев во средно училиште со Сандра Ох. Беше смешна, паметна и одлична. Многу сакаше да учествува во претставите. Многу ми е драго што успеа и знам дека се’ уште контактира со луѓето од средното уличиште.“
View this post on Instagram
Мојата пријателка била блиска со Том Хенкс во средно училиште и му била партнерка на матурската прослава. Се’ уште ѝ испрача персонализирани честитки за роденден.“
View this post on Instagram
Џенифер Лоренс ми беше првата другарка што ја запознав кога се преселив во Кентаки. Таа е првата личност во чија куќа преспав. Беше поинаква од мене, чирлидерка, нејзините беа богати, но прекрасни луѓе. И двете бевме чудни на свој начин, па набрзо се зближивме. Се сеќавам на нејзиниот роденден на фармата на родителите. Под трамболината го бакна нашиот пријател Џон. Постојано зборувавме за тоа. Но по година и пол се пресели во Њујорк.“
View this post on Instagram
Одев во школо со Меган Фокс. Се возеше со истиот автобус како и јас и главно стоеше на страна. Момчињата се тепаа кој да седне покрај неа, но таа беше срамежлива и не зборуваше многу.“
View this post on Instagram
Најдобриот пријател на татко ми беше во истата екипа со Брус Вилис. Ми рече дека свирел армоника, дека постојано носел хавајски кошули, возел ‘камаро’ и бил тотален шупак.“
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм