„Бев на работ на смртта“ – Дарко Лазиќ јавно се покаја за своите најголеми ЖИВОТНИ ГРЕШКИ

Искрено за својот живот...

Фото: Инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ во емотивна исповед се отвори за своето семејство и истакна дека жали што во еден момент се разделил од родителите. Дарко истакна дека жали за сообраќајната несреќа која за малку ќе го чинеше животот.

Најмногу жалам што ја доживеав таа несреќа, требаше малку повеќе да се грижам за себе. Им направив голема штета на моето семејство и на луѓето кои ме сакаат, можев да умрам, да не постојам повеќе. Кога би можел да го вратам времето, единственото нешто што би го променил е да се сакам и почитувам малку повеќе – рече тој и додаде:

Бев на работ на смртта, ме делеше само една нишка. Кога човек ќе се извлече од таа ситуација, тогаш сфаќа дека Господ не им дава на сите втора шанса. Потоа се прашуваш „Чекај малку, мајсторе, до кога веќе, не си веќе сам на овој свет?!“

Лазиќ признава дека во еден момент бил толку понесен од славата што се оддалечил од семејството и дека во тој период никој не можел да влијае на него.

Потекнувам од добро семејство и ги учам моите деца да бидат добри луѓе, за мене некој може да каже дека сум вакoв или онакoв, но никој не може да каже дека сум лош човек. Имам мои бубачки, сите го обземаат славата, парите, друштвото, но ќе се трудам да не ги правам истите грешки. Во тоа време немаше кој да ме изведе на вистинскиот пат, немаше кој да ми каже „Стоп, не треба да биде така“. Потоа, кој и да ме запираше му велев да ме остави на мира. Ме понесе популарноста, секој што ќе каже дека не е така – лаже. Мене ме понесе, јас морав да успеам затоа што одев со главата низ ѕид, а можев ѝ да ја загубам главата – призна Дарко.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.