Јелена Карлеуша емотивно и искрено: Моите ќерки трпат притисок, го видoa и најлошото, знаат сѐ…

Воспитани девојки

Пејачката Јелена Карлеуша за време на гостувањето во една ТВ-емисија отворено зборуваше за проблемите со кои се соочува во текот на кариерата, како и за тоа како реагираат нејзините ќерки на лошите коментари.

Првото нешто што луѓето го забележуваат кај Атина и Ника е фактот дека тие се исклучително добро воспитани деца. Второ, тие се одлични ученички и трето – растат со мајка им, која секогаш е животна лекција и на некој начин параметар за тоа како жената се бори и поднесува притисок. Тие не се ќерки на некој кој се занимава со обична работа и не е експониран во јавноста, па такво нешто да е  шокантно за нив, објаснува Јелена.

Од мали, чекор по чекор, учат дека тоа е нешто сосема нормално и многу се свесни за целата ситуација. Читаа сешто за мама, видоа сешто за мама… Дури и она најлошото. Ги видоа сите тие слики, навреди, наслови, напади… И никој не се обиде ни малку да ги заштити, а јас не можев да го сторам тоа.

Тие се на социјалните мрежи, трпат голем притисок и омраза, бидејќи децата можат да бидат немилосрдни. Има дури и лажни профили кои ги навредуваат, иако се мали. Но на сѐ одговараат без ниту еден грд збор, толку се паметни и зрели… Тоа го научија дома – изјави Карлеуша во емисијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.