Зигмунд Фројд тврдел дека силните луѓе ги поседуваат следниве 5 особини: Тие никогаш не го прават ОВА!

Еве зошто се попаметни од другите

Според Зигмунд Фројд, силните луѓе никогаш не си дозволуваат некои работи, затоа се чекор пред другите

Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, е основач на клучни теории за човечкиот ум, вклучувајќи ги и тие за его и суперего. Неговите истражувања за несвесното извршиле големо влијание врз психологијата и отвориле нови погледи во оваа научна дисциплина. Како човек што несомнено ја разбирал човечката психологија, Фројд сметал дека менталното издржливите луѓе ги красат следниве пет особини…

1. Не се жалат поради својата судбина

Ментално силните личности не сакаат да прават жртва од себе и да го трошат времето на жалење, што нема да им донесе промена. Секоја зрела личност знае дека животот е во нејзини раце, како и дека мора да ги преземе работите во свои раце и да се обиде да излезе од ситуацијата што не ѝ носи ништо добро.

2. Многу се едноставни

Зигмунд Фројд сметал дека колку што е човекот поинтересен и покомплициран толку поедноставен е неговиот внатрешен свет. Обидот да воспоставите мир со себе и да ја ослободите главата од претерана конфузија е од пресудно значење за здравата психа.

3. Не се расправаат и не водат празни разговори.

Фројд во една пригода кажал:

„Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги касаат непријателите, сосема спротивно од луѓето што не се способни за чиста љубов и кои секогаш ја мешаат љубовта со омразата.“

Луѓето кои имаат самодоверба нема туку-така да влезат во празни расправии, бидејќи знаат дека вистината не се раѓа од спор и конфликт.

4. Добро се познаваат себеси и не се плашат да излезат од удобната зона

„Да се сака и да се работи се сродни способности кои се знак на полна зрелост“, рекол познатиот научник, а еве како ги протолкувал:

„Клучот на созревањето е да се запознаете себеси и да се ослободите од стравот. Човекот мора да открие што навистина сака и што му причинува задоволство. На животниот пат многу е важно да не ги правиме работите што се очекуваат од нас или кои се подразбираат. Својот полн потенцијал можеме да го оствариме само ако се слушаме себеси.“

5. Постојано учат нови работи

Силните личности никогаш не престануваат да учат и да работат на подобрувањето на своите ментални способности. Учењето нови работи му овозможува на човекот да совлада многу полиња.

Сите глупави луѓе ги имаат овие особини по кои веднаш ќе ги препознаете: Фројд ги разоткрил со една реченица!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.