Вака се прави вистинска македонска сарма: Ручек што сите го обожаваат, а може да стои и по неколку дена
Старински рецепт
Секој треба да го знае стариот рецепт за вистинска македонска сарма
Состојки:
- поголема главица кисела зелка
- 1 кг мелено мешано месо (јунешко и свинско)
- димена сланинка
- свежа сланинка
- месо по желба
- домашна маст
- 1 чаша ориз
- сува зачинска пиперка
- сол и бибер
- 2-3 главици кромид
- 5-6 чешниња лук
- лавров лист
Приготвување:
Запржете ги кромидот и лукот, па додајте го месото. Кога сето тоа убаво ќе се пропржи, додајте измиен ориз, па земете зелка и завиткајте сарма. Скинете го коренот од секој лист за да можете полесно да ги виткате. Потоа, кога ќе ги завиткате сармите, наредете ги во подлабоко тенџере во кое ќе ги ставите и сувото месо, лавровиот лист и лукот. Гответе околу 2 часа на тивок оган.
Коментарите се заклучени.