Хотел Amauris и ресторан Glasswin – места каде што се среќаваат традицијата и иновациите

Ако сте во Виена посетете ги хотелот Amauris и ресторанот Glasswing и Glasswing Bar & Bistro и уживајте во гастрономската оаза во срцето на Виена. Уверете се во професионалноста, компетентноста, љубезноста и пресретливоста на персоналот, но НИКОМУ НИ ЗБОР, зачувајте ја тајната за себе!

Виенскиот хотел Amauris неодамна ги отвори своите врати на познатиот булевар Ringstrasse, а во него се наоѓа уникатен гастрономски скапоцен камен – ресторанот Glasswing.

Eлегантниот ресторан, заедно со Glasswing Bar & Bistro, е дел од понудата на овој ексклузивен хотел, нудејќи топло добредојде и врвно гастрономско искуство за сите гости на хотелот, но и за сите што едноставно сакаат да уживаат во храната.

Зад специфичниот амбиент на оваа исклучителна гастрономска дестинација стојат страсни кулинарски професионалци, кои посветено и со многу љубов ја работат својата работа.

Додека внатрешноста на хотелот Amauris ќе ве маѓепса со својата атмосфера на уметност, историја и бајка, во ресторанот Glasswing вашиот престој добива сосема ново ниво на луксуз и гастрономска екстраваганција.

Понудата на ресторанот Glasswing  се издвојува по многу нешта, а вкусните кулинарски креации претставуваат софистициран спој на традиционални и модерни австриски јадења. Повеќето состојки се избрани во согласност со природната и сезонската достапност.

Покрај тоа, ресторанот нуди посебен избор на домашни специјалитети приготвени од локални производители, кои користат традиционални техники за готвење, што му додава посебен шарм на менито.

За уживањето да биде комплетно, во текот на вечерата ќе имате можност да уживате во глетката на прекрасниот булевар Ringstrasse. Целокупното искуство во ресторанот покажува дека посебно внимание му се посветува на секој детаљ за да се чувствува неверојатно гостинот.

А кои се уметниците што ја создаваат магијата на вкусот во ресторанот Glasswing?

Главниот готвач и креативен виртуоз Александру Симон стои зад специјалитетите што ќе ве освојат и во кои ќе уживате со сите ваши сетила.

Како и хотелот Amauris, така и главниот готвач на ресторанот, Александру Симон смело го комбинира богатото културно наследство на Виена со иновативни и модерни вкусови.

Ресторанот нуди оброци кои претставуваат совршен спој на традицијата и иновацијата, а без разлика дали на менито има јадења кои потекнуваат од Австрија или некој од многуте морски специјалитети, фокусот е ставен на врвниот квалитет во приготвувањето и послужувањето храна.

Љубовта на главниот готвач кон автентичноста и почитувањето на природните состојки јасно се рефлектира во целата негова кулинарска магија.

Богатото кулинарско искуство на главниот готвач дополнително ја збогатува софистицираноста и елеганцијата на ресторанот, создавајќи единствена хармонија на вкус и визуелно искуство.

Страста за виното е основа за добар сомелиер, но кога станува збор за врвни ресторани, нијансите се тие што ја прават разликата. Покрај разбирањето на виното, сомелиерот треба да биде некој којшто совршено го следи и слуша вкусот на гостинот, кој ги препознава неговите преференции преку суптилни знаци за да ги спои совршено со изборот на храна.

Како и изборот на уметнички дела што го красат ресторанот, така и изборот на вина во Glasswing е внимателно осмислен да ја надополнува приказната за ексклузивност и луксуз на хотелот Amauris.

Гостите имаат можност да уживаат во над 350 видови на врвни вина од Австрија, избор од познатите лозарски региони на Франција, Италија и од неколку прекуокеански дестинации.

Искусниот сомелиер на ресторанот Glasswing, Макс Популорум со страст ја раскажува уникатната приказна на најдобрите црвени, бели и пенливи вина.

Менаџерот на ресторанот, Андреас Рермбахер со своето богато искуство во ресторанскиот бизнис, посебен акцент става на препознавање и развој на потенцијалот на вработените, а тоа придонесува за квалитетот на услугата и задоволството на гостите.

Хармоничната атмосфера се создава како резултат на поддршката и комуникација помеѓу вработените, а крајниот резултат е секое јадење да се служи со неверојатна страст и прецизност.

Пијалакот пред или по вечерата е извонредно искуство во Glasswing Bar & Bistro,  каде што домаќин е искусниот бармен и менаџер Максимилијан Вол. Вешт во приготвувањето на пијалаците, љубезен и професионален, тој остава траен впечаток кај гостите.

Со истата страст што ја има во комуникацијата со гостите, тој пристапува и кон создавање на совршени коктели, овозможувајќи уживање во уникатната атмосфера на виенските ноќи. За идните планови на ресторанот, Александру Симон вели:

Тимот на ресторанот Glasswing продолжува да иновира, да ги поместува границите и да создава незаборавни искуства во ресторан кој ја слави уметноста на гастрономијата.

 

ТЕКСТ: ПР, ФОТО: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.