3 најдобри модни совети за жени над 50 години: Со овие едноставни правила ќе изгледате многу помладо и поубаво!

Модни правила

Стилистка открива 3 најдобри модни совети за жени над 50 години

Многу жени се чувствуваат доволно добро во својата кожа за да можат им кажат „збогум“ на модните правила и да го носат она што им се допаѓа. На крајот од денот, најдоброто нешто на светот е да се чувствувате добро во сопствената кожа, особено ако сте жена повозрасна од 50 години, која старее достоинствено и се грижи за себе.

Но кога ќе ја преминат 50. година, многу жени често прават разни грешки со желба да се подмладат. На крајот, тоа може да биде многу контрапродуктивно, а стилистката Дирдра Николас открива 3 модни совети за жени над 50 години.

1. Заборавете на вреќестата облека

Првиот моден совет за жените над 50 години е да заборават на „вреќестата“ облека. Тоа се оние удобни парчиња што ги обожаваме, како што се широките здолништа и фустани, но тука спаѓаат и дуксерите и предимензионираните џемпери, кои едноставно не се за жени постари од 50 години.

„Во преголеми, широки парчиња облека се чувствуваме удобно. Понекогаш, со нив се обидуваме да го скриеме она што го сметаме за недостаток. Но не заборавајте дека окото го гледа само она што може да го види. Во превод, ќе изгледате како да имате вишок килограми или како силуетата да ви е многу покрупна од реалната“, објаснила стилистката Дирдра Николас.

2. Внимавајте на боите

„Многумина од нас имаат омилена боја, но би требало да обрнеме внимание како ни стои, особено ако ја носиме долги години. Кожата и косата со текот на времето ги менуваат бојата и сјајот, па можно е некогашната омилена боја веќе да не ви стои толку добро“, рекла таа.

3. Пронајдете облека што ги истакнува вашите најдобри страни

Многу жени постари од 50 години се гордеат со фактот што и понатаму можат да влезат во квалитетните, долготрајни парчиња што ги носеле пред десет години или на факултет. Но стилистката предупредува дека само затоа што ве собира некое парче гардероба, не значи дека тоа добро ви стои.

„Со текот на времето телото се менува, облините добиваат поинаков облик. Можеби сè уште ја носите истата величина, но обрнете внимание како таа облека ви стои на колковите, рамениците, градите… Немојте да носите нешто само затоа што можете да влезете во облеката, туку одбирајте парчиња што навистина ги истакнуваат вашите најубави атрибути“, советувала стилистката.

Мода што ги брише годините: Со овие стилски трикови ќе изгледате 10 години помлади!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.