Вака се приготвува омилениот грчки колач: Многу е сочен и вкусен, а готов е за 10 минути!

Пробајте!

Ви предлагаме рецепт за омилениот грчки колач што се приготвува многу едноставно и брзо

Состојки:
  • 500 г кори за пита (исушени во рерна)
  • 4-5 јајца
  • 250 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 400 г кисело млеко
  • 1 лажица кора од портокал
  • 200 мл сок од портокал
  • 200 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво

За преливот:

  • 450 мл вода
  • 300 г шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 200 мл сок од портокал
Приготвување:

Изматете ги јајцата со миксер и додајте шеќер, па продолжете со матење. Додајте ванилин шеќер, кисело млеко, кора од портокал, сок од портокал, прашок за печиво, масло, па сето тоа измешајте го со миксер. Исечете ги корите за пита на ленти и исушете ги во рерна. Додајте ги исечканите кори во смесата и сето тоа убаво соединете го, па префрлете го во плех и печете на 180 степени, околу 40 минути.

За преливот, во тенџере сипете вода, цимет и шеќер и оставете да зоврие, па додајте сок од портокал. Прелејте го колачот, ставете го да се лади.

Добар апетит!

Неодолив чоколаден арапски колач без брашно и шеќер: Можете да го јадете секој ден, без да качите килограми!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.