Неодолив чоколаден арапски колач без брашно и шеќер: Можете да го јадете секој ден, без да качите килограми!

Пробајте!

Рецептот за арапски колач што не дебелее воодушевува на прво залаче

Арапскиот колач со овесни снегулки и без грам брашно и шеќер, е идеален десерт за сите жени што сакаат да ослабат или да ја сочуваат витата става. Овој нискокалоричен десерт е толку вкусен што го обожаваат и најголемите сладокусци!

Состојки:
  • 120 г овесни снегулки
  • 200 мл топло млеко
  • 2 јајца
  • 2 банани
  • 1 лажиче екстракт од ванила (или 1 кесичка ванилин шеќер)
  • 40 г какао во прав
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • ореви за посипување
  • чоколадни трошки за посипување
  • 100 г чоколадо
  • 40 мл млеко
Приготвување:

Сипете ги овесните снегулки во чинија, па прелејте ги со топло млеко и оставете ги да отстојат 10 минути.

Во друг сад, скршете јајца, па додајте пасирани банани. Додајте и ванилин шеќер, па сето тоа добро изматете го со жица. Додајте какао во прав и прашок за печиво, па добро промешајте да се соедини. Додајте ги овесните снегулки потопени во млеко (сосе млекото), па промешајте.

Ставете ја смесата во калап за печење, подмачкан или обложен со хартија за печење, па посипете со сечкани ореви и чоколадни трошки, рендано чоколадо или нешто слично. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути.

Кога ќе биде готово, ситно исечкајте чоколадо, па потопете го во 40 мл зовриено млеко со непрекинато мешање, и со тоа прелејте го колачот.

Бисквит-тортата ја обожаваат сите генерации: Мека и сочна, совршена за секоја пригода!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.