Зад познатата ајнпрен чорба се крие интересна приказна: Се приготвува многу лесно, а го прочистува организмот од тешката храна

Нешто вкусно на лажица

Ви предлагаме рецепт за едноставна и брза ајнпрен чорба

Позната е и како клин чорба, а станува збор за обично јадење од запржено брашно.

Во едно австриско село, дошол патник земјоделец кај една баба и побарал нешто за јадење. Таа му одговорила дека нема ништо. Тогаш, тој ѝ кажал: „Дај ми барем едно тенџере и малку вода да направам клин чорба“.

Бабата му дала, а тој во тенџерето ставил железен клин, го прелил со вода и го ставил на шпорет. Кога почнала водата да врие, тој побарал од бабата и малку сол да ја посоли чорбата. Потоа, побарал и малку брашно, малку маст, па јајце… Бабата сето тоа му го дала, само за да види што ќе излезе од чорбата на крај. Човекот на крајот го извадил клинот и ја изел чорбата.

Состојки:
  • 1 супена лажица путер
  • 1 супена лажица брашно
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 л вода
  • малку бибер
  • 1 полно лажиче сол
  • 1 јајце за матење
  • 2-4 јајца за сервирање (по избор)
  • 1-2 лаврови листа
Приготвување:

Ставете путер во тенџере и почекајте да се стопи на тивок оган. Додајте лажица брашно, промешајте малку, додајте црвен пипер, вода, бибер, сол.

Кога чорбата ќе зоврие, внимателно сипете едно изматено јајце. Притоа, цело време треба да ја мешате чорбата, така што јајцето ќе се претвори во тенки и кратки нишки, како резанки.

Додајте лавров лист и по желба, уште едно неизматено јајце. Можете да додадете по 1 цело јајце за секој човек што ќе го послужувате, но без мешање, за да се свари цело во парче.

Гответе 3-5 минути.

Лесна детокс-чорба по препорака на експерти: Го прочистува организмот по тешката храна, а може да замени цел оброк
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.