Лесна детокс-чорба по препорака на експерти: Го прочистува организмот по тешката храна, а може да замени цел оброк

Едноставно и вкусно

Ви предлагаме превкусна детокс-чорба која го прочистува организмот од тешката храна

По консумирањето тешка храна, нашиот организам има потреба од лесни намирници што ќе го прочистат од насобраните токсини и ќе направат да се чувствуваме лесно. Со оглед на тоа што е сезона на празници, кога јадеме масна храна, а покрај тоа и неконтролирано внесуваме колачи и разни десерти, се случува и да качиме килограми.

Водечка австралиска диететичарка споделила брз и лесен рецепт за чорба за детоксикација, која е одлична за исфрлање на штетните материи од организмот.

Сузи Бурел од Сиднеј објаснила дека најмногу ѝ се допаѓа оваа чорба базирана на зеленчук, во кој се додаваат пармезан и брокули.

„Секогаш ми помага да се чувствувам добро по консумирањето тешка храна или алкохолни пијалаци“, истакнала Сузи.

Состојки:
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 праз (ситно сечкан)
  • 1 кромид (исечкан на коцки)
  • 600 мл вода
  • 400 мл бујон
  • 420 г сечкани домати
  • 1 морков (исечкан на коцки)
  • 500 г тиква (исечкана на коцки)
  • половина целер со средна големина (исечкан на коцки)
  • брокули
  • пармезан (по желба)
Приготвување:

Загрејте маслиново масло со кромид во големо тенџере. Додајте праз и динстајте на тивок оган додека омекне, а потоа додајте вода, бујон, домати, морков, целер и тиква. Кога чорбата ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе уште 10 минути. Сварете ги брокулите на пареа, па исечкајте ги, додајте ги во чорбата и по желба, посипете со пармезан.

Одморете од брзата храна, пробајте чорба: Здрав и превкусен ручек кој ќе ве стопли и врати во живот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.