Најзгодниот актер ужива со атрактивниот љубовник: Конечно нашол вистинска љубов!

Љубов од соништата

Најзгодниот актер на светот, Лук Еванс, ужива со дечко му од кого не се одвојува

Освен по многубројните филмски остварувања, актерот Лук Еванс е познат и по своите турбулентни геј врски. Еден од најзгодните актери конечно се смирил покрај својот партнер Фран Томас.

Љубовната двојка неодамна дебитира на црвениот килим на зимската свеченост LuisaViaRoma за УНИЦЕФ во Сент Бартс, а исто така привлекоа и големо внимание откако биле фотографирани на една плажа во Мајами.

Тие привлекувале погледи на плажата со своите извајани мускули и згодните тела, додека полни со самодоверба шетале и си разменувале нежности, не обрнувајќи внимание на папараците.

По бурното раскинување со емотивниот партнер Рафаел Олар, Лук набрзо почнал нова романса. Имено, актерот запловил во врска со Фран Томас, а двојката првпат била уловена во јавност од страна на папараците во февруари пред две години на плажа во Сиднеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans Updates (@lukeevansmyman)

Исто така, актерот отсекогаш отворено истакнувал дека е хомосексуалец, а имало афера и дека го виделе со згоден Србин на Миконос. Лук никогаш не проговорил за оваа врска во јавност.

„Сите ме познаваат како геј човек и за време на мојот живот во Лондон никогаш не сум се обидувал да го сокријам тоа“, изјавил тој во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans Updates (@lukeevansmyman)


Меѓутоа, во 2010 година медиумите известувале за неговата девојка, експертката за маркетинг Холи Гудчајлд, која своевремено зборувала за нивната врска.

„Лук е прекрасен. Ние сме стари пријатели и едноставно се случи. Не сме свршени, но навистина уживаме заедно“, рекла Холи на премиерата на филмот на Еванс Tamara Drewe.

По низата пропаднати врски, се чини дека актерот конечно се смирил и дека го нашол вистинскиот, кој го исполнува на сите полиња.

Најзгодниот актер не може да ја скрие страста кон новиот дечко: Изгледа дека конечно го пронашол „вистинскиот“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.