Најзгодниот актер не може да ја скрие страста кон новиот дечко: Изгледа дека конечно го пронашол „вистинскиот“

Погледнете

Познатиот актер Лук Еванс си разменувал нежности на плажа со новиот дечко Фран Томас. Двојката не се раздвојувала, а изгледале многу вљубено

Актерот Лук Еванс е познат по улогите во филмовите „Убавицата и ѕверот“, „Гавран“ и „Дракула: Нераскажано“. Покрај по филмските остварувања, актерот е познат во јавноста и по своите турбулентни геј врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans Fan (@lukeevansofficial)

По неодамнешното раскинувањето со љубовниот партнер Рафаел Олар, Лук набрзо започнал нова романса. Имено, актерот запловил во врска со Фран Томас.

Неодамна папараците ги забележале емотивните моменти на оваа вљубена двојка.

Имено, актерот ги поминува летните денови со својот дечко на Ибица. Додека пливале во морето, не можеле да се воздржат па си разменувале нежности во неколку мигови.

Лук носел впечатлив костим за капење во виолетова боја, додека неговиот дечко се одлучил за ист таков костим, само во црвена боја.

Лук во таа пригода го покажал своето извајано тело, па уште еднаш докажал зошто важи за еден од најзгодните фраери.

Ни неговиот дечко Фран не заостанува, па го покажал своето згодно тело и потемнет тен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans Fan (@lukeevansofficial)


Според фотографиите, може да се заклучи дека тие навистина уживаат во заедничките моменти, па се чини дека Лук конечно го пронашол вистинскиот.

Инаку, двојката се има запознаено пред една година, додека Лук имал ангажмани во Австралија. Тие вешто ја криеле својата врска, но неодамна одлучиле да ја обелоденат својата љубов.

Исто така, актерот отсекогаш отворено нагласувал дека е хомосексуалец, а на нашата јавност особено ѝ стана познат по озборувањата дека имал афера со згоден Србин, со кого бил уловен на Миконос. Лук никогаш не зборувал во јавност за оваа врска.

И покрај бројните љубовни афери што го следеле, се чини дека Лук се смирил покрај згодниот Фран.

„Нивната врска е толку силна, во тајност патуваа низ светот. Исто размислуваат, и двајцата имаат смисла за хумор и се поддржуваат меѓусебно“, рекол извор близок на Лук.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.