Милијардерот не се одвојува од 4 децении помладата љубовница: Сакал да ѝ направи дете на студентка, а жена му се прави слепа!

Ужива во отворениот брак

Се шушка дека милијардерот Ерик Шмит веќе подолго време ужива во отворен брак со многу помлади девојки

Поранешниот директор на Гугл Ерик Шмит (67) често е на удар на шпекулации поради својот љубовен живот. Имено, Шмит отсекогаш го поврзувале со убави и многу помлади девојки, а пред две години, светот зуеше за аферата „прстен“.

Наводно, тогаш Шмит ѝ подарил прстен од 10-каратно злато на девојката со која често поминувал време, занемарувајќи го фактот дека е оженет. Ерик Шмит и Мишел Ритер, која е 39 години помлада од него, тогаш биле видени во Њу Мексико.

Меѓутоа, и покрај тоа што поминало многу време од бројните шпекулации, Ерик Шмит, чие богатство се проценува на 13,2 милијарди долари, пред неколку дена повторно бил виден во друштво на занесната Мишел.

Имено, поранешниот извршен директор на Гугл, поминал викенд во Лас Вегас со младата Мишел. Милијардерот бил фотографиран додека одел на приватен лет со младата девојка, додека подоцна се сретнал со нејзините пријателки.

На многумина не им е јасно што се случува со милијардерот кој веќе 40 години е во брак со Венди Шмит, со која се венчал во 1980 година. Меѓутоа, тој наводно ужива во својата слобода што му ја нуди отворениот брак, па на неговата жена не ѝ пречи неговото однесување.

Додека Шмит го извадил својот венчален прстен, на раката на младата Мишел заблескал прстен со голем дијамант.

Според медиумите, Шмит пред извесно време имал љубовна врска со Александра Дуисберг, која исто така е многу помлада од неа, а со која наводно сакал да има дете.

За време на 40 години долгиот брак со Венди, Шмит наводно имал повеќе афери со помлади жени, вклучувајќи и врска со една телевизиска водителка, извршна директорка на компанија за односи со јавност и со виатнемска пијанистка. Интересно е што Шмит, наводно, на секоја девојка ѝ подарил прстен.

Милијардерот (66) на шокантен начин ја оставил жена му и ѝ понудил срамна спогодба: А сега планира дете со двојно помлада инфлуенсерка
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.