Ана Дорник специјална гостинка на Профемина 2023: „Секоја жена е хероина ако им остане доследна на своите верувања“

Авторката на „Ти си таа“ ќе дискутира во рамките на панелот: „Дали ракот на дојка се храни со тагата?“ на регионалната конференција за жени Профемина 2023, која ќе се одржи на 23 ноември во хотелот „Холидеј ин“.

Ана Дорник е мотивационен говорник, претседателка на здружението „Жена за жена“ и добитничка на наградата за исклучителен придонес во борбата против ракот на дојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Dornik (@anadornik)

Таа ја опиша својата животна борба во автобиографијата „Ти си таа“, која не е омаж на болеста, туку претставува, како што вели авторката, „прирачник“ што ќе ви помогне да живеете и да се соочите со вашите проблеми.

На прашањето како би го опишала овој животен предизвик, Ана одговара:

Како живот што ми се случи во полна форма, носејќи ми неизвесност, вознемиреност, борба, решителност, храброст и победа.

Ана Дорник се избори со карциномот на дојка. При соочување со обесхрабрувачкото сознание дека е болна, таа открива дека се чувствувала „како некој да ѝ го негира целиот живот што го имала претходно.

Чувствував целосна инфериорност во однос на околностите на битката со ракот на дојката. Најтешки моменти ми беа дознавањето, шишањето и одењето на првата хемотерапија. Но, ако размислиме за клучните моменти кои ми дадоа сила да продолжам понатаму, тоа е љубовта кон животот и моите деца – тие ме потсетија дека мојата болест е само моментална состојба. Од ден на ден станував сè посигурна дека можам да направам многу повеќе од дефиницијата што таа ја носеше, открива Ана.

За тоа колку ја сменила болеста и што било клучно во процесот на закрепнување да се примени во животните навики, Ана одговара:

Многу ме смени. Мојот лет против златниот кафез во кој живеев, со врзани крилја, не може да се спореди. Ана, која сега има мисија, и Ана, која во сопствениот живот беше потстанар, се две сосема дијаметрални личности. А одлуката за заздравување е клучот за исцелување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Dornik (@anadornik)

Многу повеќе за нејзината борба и победа Ана ќе открие на регионалната конференција за жени „Профемина 2023“, која ќе се одржи на 23 ноември во хотелот Холидеј ин, како специјална гостинка на панелот: „Дали ракот на дојка се храни со тагата?“, спонзориран од „Виши“.

Покрај неа, на конференцијата ќе имате можност да слушнете совети и искуства на еминентни стручњаци, животни тренери, психолози и исповеди на други силни и храбри жени што извојувале победа во разни битки што ни ги носи животот.

Резервирајте го своето место навреме! Испратете ни мејл на event@colormedia.mk.com и повелете на Профемина 2023 на 23 ноември, во Холидеј ИН, во 10 часот! Ве очекуваме!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.