Направила ДНК-тест и занемела од шок: По 28 години ја дознала поразителната вистина!
Неверојатна приказна
Оваа девојка, по 28 години дознала преку ДНК-тест дека е посвоена и се шокирала
Оваа жена со скршено срце му го свртела грбот на целото семејство откако открила дека е посвоена по пат на ДНК-тест. Оваа 28-годишна девојка тврди дека целиот нејзин живот бил лага, а нејзините најблиски ја криеле вистината од неа за своја корист.
Жената објаснила дека нарачала онлајн ДНК-комплет за тестирање на генетски нарушувања, откако била во болница.
„Последниве денови плачам. Целиот мој живот беше лага. Не се обидував да дознам. Никогаш не сум се чувствувала поинакво. Пред две години мојот доктор ми кажа дека имам генетско нарушување. Ги праша моите родители дали го имаат истото нарушување, тие кажаа ‘не’. Ниту еден од нив не е носител.“
„Мислев дека мојот доктор погрешил, па повторно го прашав. Рече дека еден од моите родители мора да е носител. Повторно ги прашав моите родители. Ми кажаа да најдам друг доктор. Тоа и го направив. Исто така, набавив еден комплет за ДНК-тестирање што може да се најде онлајн. Сакав да дознам повеќе за мојата генетика.“
Не само што открила дека таа е единствената во нејзиното семејство со генетско нарушувања, туку дознала и дека ниту една нејзина лоза не се поклопува со ниту еден од членовите на нејзиното семејство. Дознала дека е посвоена.
„Моите родители ми кажаа дека не сакале да дознам, бидејќи не сакале да се чувствувам непријатно или поинаку. Сакале да ме чуваат како своја. Всушност, ме обвинија за тоа што сум ‘душкала’.“
Нејзините родители се обиделе да ја повратат нејзината доверба, велејќи ѝ дека сè уште се семејство и дека ДНК не го менува тоа, но било предоцна. Веќе не сакала да има ништо со нив, бидејќи 28 години ја лажеле во лице.
„Мојот живот беше лага. Не знам што да правам моментално. Мојата мајка не е мојата вистинска мајка и мојот татко не е мојот вистински татко. Моите враќа и сестри не се мои вистински браќа и сестри.“
Додека повеќето корисници на Редит ја охрабриле жената да одвои малку време за да размисли за своите чувства, други ги споделиле своите искуства со надеж дека ќе ѝ помогнат. Еден корисник напишал:
„И јас сум посвоен со доцно откритие, што значи дека и двајцата сме дознале дека сме посвоени подоцна во животот.“
Коментарите се заклучени.