Оваа жена го дала синот (3) на посвојување: 7 години подоцна не можела да поверува што се случило со него!

Животот е вистинска драма!

Кога мајката го дала својот син на посвојување, не се надевала на вакво нешто

Животот на Крис Смит започнал тешко. Во текот на детството, одела од едно во друго старателско семејство. Била злоупотребувана и занемарувана, па не е ни чудно што побегнала кога имала само 14 години.

Но и тогаш животот не ѝ бил едноставен. Од лоши врски и спиење на улица до просење – преживеала сѐ! Кога имала 17 години го родила синот Метју.

Откако родила, се вселила кај еден човек кој имал проблеми со алкохолот. И покрај постојаните расправии, се обидела да го зачува своето мало семејство.

Потоа, повторно забременила, но нејзината ќерка починала само неколку дена по раѓањето. Нејзиниот погреб бил одржан на третиот роденден на Метју. За Крис тоа било премногу:

„Морав да го славам денот на раѓањето на едното дете и да жалам за животот на другото. Тоа ме скрши.“

Трагедијата ѝ појаснила нешто, нешто што ѝ го скршило срцето. Не можела да му овозможи нормален живот на синот. Па затоа, го дала на посвојување. Тој имал 3,5 години, а таа 21. Сметала дека тоа било правилна одлука.

Во тоа време се разделила и од својот партнер. Наредните седум години биле неспокојни за неа: немала јасна цел и не можела да го пронајде своето место во светот. Често немала покрив над главата и била очајна.

Потоа, еден ден, сѐ се променило. Крис влегла во ресторан и собрала храброст да побара работа. Сопственикот видел нешто во Крис и одлучил да ѝ даде шанса. Целиот нејзин живот се сменил. Сега работела, имала покрив над главата и полека го средувала својот живот.

Кратко потоа, запознала нов маж, Џо, кој ја почитувал. Дотогаш имала само лоши искуства, па ова за неа било нешто комплетно ново. Сега ја спознала вистинската љубов!

Крис и Џо се венчале. А нејзиното дете? Цело време мислела на него. Конечно, Џо ја поттикнал да им се обрати на социјалните служби и да се распраша за синот.

Тоа што го дознала воопшто не било тоа што го очекувала. За сите тие 7 години откако го оставила, никој не го посвоил. Сите тие години додека таа плачела над неговата фотографија, тој бил во институцијата каде што и го оставила.

Отишла таму и следело трогателно искуство за сите присутни. Социјалните работници ретко гледаат вакви ситуации. Сега, кога мајка му била сосема стабилна, можела на својот син да му овозможи нормален живот.

Крис не можела да поверува дека повторно е крај својот син, дека го држи во прегратки и дека не го изгубила засекогаш!

Посвоила дете, но 7 години подоцна доживеала шок: Целиот свет ѝ се урнал кога ја дознала вистината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.