Посвоила дете, но 7 години подоцна доживеала шок: Целиот свет ѝ се урнал кога ја дознала вистината!

Неверојатно

Не можела да си го замисли тоа ни во најлудите соништа

Анонимна жена (41) објавила многу необична исповед на форумот Reddit. Мајката на пет деца отсекогаш отсекогаш сакала големо семејство, но поради здравствен проблем, не можела да забремени по четвртото дете.

Имала три ќерки и син, но не сакала да застане тука, па таа и нејзиниот сопруг Дејв ја разгледале опцијата за посвојување. Во тој период тој живеел далеку од дома поради работата, па идејата била да разговараат за тоа кога ќе се врати дома. Меѓутоа, тој набрзо предложил да посвојат дете од друга земја и неговата сопруга ја прифатила таа идеја.

Дејв ја завршил целата папирологија и во нивниот дом набрзо пристигнало бебето, момче по име Кејлен.

„Го обожавам тоа дете. Како што растеше (сега има седум години), членовите на семејството и пријателите сé почесто коментираа дека личи на нашите други деца и дека никогаш не би кажале дека е посвоен. Јас дури и се шегував дека е биолошки наш, а мојот сопруг се смееше на тоа“, напишала жената.

Меѓутоа, кога еден ден средувала некои документи, жената забележала нешто чудно во документите за посвојување и одлучила да направи ДНК-тест. Излегло дека Кејлен навистина му е биолошки син на нејзиниот сопруг!

„Го сакам тоа дете со целото срце. Тоа што дознав дека маж ми ме изневерил, а потоа го довел детето во нашата куќа како некое дете што сме го посвоиле, ми создава мачнина. Дејв ме молеше за прошка и ми велеше дека жената со која ме изневерил не сакала дете, а тој сакал, па успеал да го добие по пат на посвојување. Ќе останам во животот на Кејлен, бидејќи јас сум негова мајка, но не можам да поднесам да го гледам Дејв, знаејќи дека ме предал и лажел. Поднесов барање за развод“, напишала анонимната жена.

Нејзината дилема е како сега да им го соопшти тоа на децата, а некои членови на семејството дури и ја обвиниле дека е себична што побарала развод.

Сепак, корисниците на форумот главно ја поддржале, велејќи дека постапила правилно.

„Ова не е обична лага, тоа е неверство со големина на Монт Еверест“, „Нема шанси тоа да е единствениот пат кога ја изневерил“, „Тоа можеби е неговата најлоша лага, но секако не е првата“, пишувале.

„Твојот сопруг ги прекршил брачните завети на многу начини, таквиот недостиг од почит е непростлив“, напишала една жена.

Исповед на една мајка: „Имам три деца и често посакувам да ги немам – еве зошто!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.