ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 26 јуни (недела): Скорпиите се крајно опуштени, а голема среќа го очекува ОВОЈ знак!

Астро-прогноза

Терезијата е задоволна, Јарецот добива втора шанса во љубовта, Водолијата е задоволна

ОВЕН

Работа: Со добра организација и голема енергичност, можете да постигнете сѐ денес, без поголеми тешкотии. Само немојте да се расплинете на повеќе страни, оставете нешто и за наредните денови.

Љубов: Би можеле да се свртите првенствено кон себе и вашите интимни размислувања, што и не е толку лошо.

Здравје: Многу добро.

БИК

Работа: Обидете се максимално да го искористите слободното време за одмор и за полнење на батериите. Ќе ви треба сета можна енергија за следната работна седмица.

Љубов: Самите себеси би можеле да си создадете евентуална нервоза, поставувајќи непотребни прашања и критикувајќи ја другата страна.

Здравје: Би ви годела лесна прошетка и време поминато на отворено.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако освен на забава, одредено време сте посветиле и подготвувајќи се за следниот работен период, тогаш сте направиле сѐ како што треба.

Љубов: Ве очекува одличен ден ако сакате да ја изненадите драгата личност со убав гест. Уживајте.

Здравје: Одлично.

РАК

Работа: Ако не сте успеале во саботата, важно е барем неделата да ја искористите за одмор што многу ви е потребен и за релаксација.

Љубов: Би требало да ве следи хармонична и стабилна љубовна атмосфера и во текот на другиот ден од викендот.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ

Работа: Немојте да претерувате кога се одморот и опуштањето во прашање, уште од утре ќе имате полни раце работа.

Љубов: Иако ова е просечен ден за нови љубовни акции, од друга страна, многу е поволен за да се позанимавате со расчистување на нејаснотиите од претходниот период.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА

Работа: Уште еднаш проверете дали подготовките за новата работна седмица се добро направени, а остатокот од денот посветете го на одморот или на некоја физичка активност.

Љубов: Повеќето Девици ги следи склоност кон претерување со формалностите во речиси сите љубовни активности. Би требало да се опуштите и да не размислувате премногу.

Здравје: Многу добро.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Би требало да го искористите овој ден за одмор и лесна подготовка за нови работни победи, а и занимавањето со некое креативно хоби не е лоша идеја.

Љубов: Ве очекува опуштање и добро расположение во кругот на пријателите и драгите луѓе. Подготвени сте и за нови познанства.

Здравје: Многу добро.

СКОРПИЈА

Работа: Конечно дојде денот и вие да ги ставите работните обврски во втор план и да се посветите повеќе на себеси и на опуштањето пред почетокот на новата работна седмица.

Љубов: Доколку планирате да отпатувате некаде заедно, сега е вистинското време. Ви треба одмор и бегство од секојдневјето.

Здравје: Можни метеоропатски реакции.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ова е многу добар ден за сите видови физички активности. Доколку ве очекува некое кратко патување, само напред.

Љубов: Денес без посебна заинтересираност и подготвеност за некои важни случувања на љубовен план.

Здравје: Сосема задоволително.

ЈАРЕЦ

Работа: По непишано правило, повеќето Јарци веќе се во низок старт пред почетокот на новата работна седмица.

Љубов: Имате доволно причини да бидете задоволни со моменталната ситуација, па обидете се така и да остане. Уживајте!

Здравје: Можни алергиски реакции.

ВОДОЛИЈА

Работа: Без разлика колку се задоволни од постигнатото во претходниот период на работен план, веќе имате разработена тактика за следната седмица.

Љубов: Доколку некој ви ја разбранувал љубовната ситуација претходниот ден, оваа недела имате значително поголеми шанси да вратите сѐ под закрилата на вашата зона на контрола и уживање.

Здравје: Многу добро.

РИБИ

Работа: Како што се ближи почетокот на новата работна седмица, така и потенцијалниот немир би требало да биде поблаг, а вие придонесете со лесна прошетка и релаксација.

Љубов: Ако сте задоволни макар и со ситна позитивна промена од претходниот период, искористете го овој ден за уште малку да ги зацврстите љубовните позиции.

Здравје: Многу добро.

Започна владеењето на Рак: Никако немојте да ги правите овие 3 работи – спречете го хаосот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.