Кога Елтон Џон објави дека се оженил со Рената, сите занемеа: Зошто човек кој е отворено геј би се оженил токму со неа?!

Неверојатна приказна

Рената била среќна, Елтон бил задоволен, но потоа сѐ тргнало наопаку

На почетокот од 2022 година, Елтон Џон објави на Инстаграм дека откажува два концерта во рамките на својата проштална турнеја, поради тоа што е заразен со коронавирусот.

Откако го прележа вирусот, овој 74-годишен музичар се врати најсилен досега. Во оваа пригода се потсетуваме на неговата бурна љубовна историја…

Сите знаеме за среќниот геј-брак на Елтон Џон и Дејвид Ферниш, но пред него, славниот музичар бил во брак со Рената Блауел.

Двојката се запознала на почетокот на 1983 година во Лондон. Рената работела како техничарка за звук, па така го запознала Елтон, кој штотуку го привршувал својот албум Too Low.

Пријателите биле шокирани со оглед на тоа што Елтон уште во 1976 година јавно рекол дека е бисексуалец, иако сите биле убедени дека е геј.

Негов близок пријател подоцна рекол дека на венчавката се гледало колку е силна желбата на Елтон да основа семејство. Мајка му на Елтон, Шила, изјавила дека на младенците ќе им подари детска количка.

Четири години подоцна, во ноември 1988 година, двојката се развела.

Рената практично исчезна од очите на јавноста, а оттогаш нема зборувано за бракот со музичарот.

Кога се дознало за разводот, Рената тврдела дека таа и Елтон се развеле пријателски и дека планираат да останат најдобри пријатели.

Елтон тие години се борел со зависноста од дрога и алкохол, а во едно интервју од 2008 година ги прокоментирал бракот и зависноста:

„Зависник од дрога размислува вака: Имам доволно момци и тоа не ме прави среќен, па затоа сега ќе се оженам со жена која ќе промени сѐ. И навистина ја сакав Рената. Таа е одлична девојка. Навистина ја сакав. Но знаете… тоа е една од работите поради која најмногу се каам во животот, тоа што ја повредив!“

Во текот на 2017 година, како поддршка за истополовите геј-бракови, Елтон го објавил следново на својот инстаграм-профил:

„Пред многу години, ја одбрав Австралија за да се венчам со прекрасна жена кон која чувствувам огромна восхит и љубов. Најмногу од сѐ сакав да бидам добар сопруг, но го негирав тоа кој сум навистина, што ја растажуваше мојата сопруга, а во мене предизвикуваше огромна вина и каење.“

Рената добила 5 милиони фунти за разводот, како и вилата што ја купил Елтон. Живеела осаменички живот еден период, а подоцна се вратила во Германија за да се грижи за своите стари родители. Не е познато што прави сега.

Елтон Џон бил на работ на смртта, „закачил“ опасна инфекција и едвај се спасил
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.