3…2…1.. ЛАЈК! Пријавувањето на U&Z Influencer Awards 2023 завршува УТРЕ!

ПОБРЗАЈТЕ!

Наскоро ќе бидат избрани девојките и момците кои ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи.

Утре, на 15 ноември, завршува пријавивањето на веќе добро познатиот, најкоментираниот и најочекуваниот избор U&Z Influencer Awards 2023, кој се одржува петти пат во организација на компанијата „Колор медиа плус“, која е издавач на највлијателниот магазин за жени во регионот „Убавина и здравје“.

И оваа година, како и претходните, во рамките на конкурсот истовремено ќе се одвиваат два избора: Influencer Awards – наменет за најангажираните инстаграм-ѕвезди, и Influencer New Star Awards – наменет за креативните инстаграмџии што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови.

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и да ни испратите мејл на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup.

Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и статуетките ќе се одржи на глам-забава на 6 декември во Raguza 360 Rooftop.

Право на учество имаат сите инстаграм-профили кои објавуваат содржини и комуницираат со своите следбеници на македонски и англиски јазик. Победниците на категориите се избираат со комбинација на гласови од стручното жири на списанието „Убавина и здравје“ и претставниците на маркетинг и ПР-агенциите кај нас и во регионот.

Дотогаш, погледнете како изгледаше свеченото доделување на статуетките минатата година.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.