Ручек за денес: Сарма по старински рецепт!

Одличен рецепт

Научете да правите сарма како нашите баби

Состојки:
  • 100 г ориз
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1-2 лажици ситно сечкана сланина
  • 1 главица кисела зелка (околу 1 кг)
  • 500 г мелено мешано месо, најдобро од вратот (јунешко и свинско)
  • 2 лажици ситно сечкан лист од магдонос
  • 1 јајце
  • малку сол и бибер
  • 1 лажица сув зачин
  • малку лута мелена пиперка
  • 1 лавров лист
  • суви ребра или колбаси
  • 1 лажица слатка мелена пиперка
  • 2 лажици концентрат од домати

За запршка:

  • малку масло
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажиче црвена слатка пиперка
Приготвување:

Сварете го оризот до пола, а за тоа време, на малку масло продинстајте го кромидот. Кога кромидот ќе зарумени, додајте сечкан лук, а ако сакате, и малку сланина сечкана на коцки.

Во месото што сте го ставиле во длабок сад додајте магдонос, сварен ориз, јајце, сол и бибер, па сув зачин и малку лута пиперка, а кога ќе го ставите сето тоа во динстаниот кромид, добро соединете ја смесата. Потоа, пригответе ја киселата зелка, одвојте ги листовите, отстранете ги тврдите делови и добро измијте ги, а потоа исечкајте ги на тенки резанки.

Листовите зелка полнете ги со лажица и пол фил и завиткајте ги. Повторувајте го процесот додека го потрошите месото. Потоа, во лонецот во кој ќе ја готвите сармата, ставете пола сечкана зелка и врз неа редете ги сармите, што треба да бидат густо наредени една до друга. На врвот од сармата ставете лавров лист, ребра или некое суво месо, па покријте го со остатокот од сечканата зелка. Додајте и малку мелена пиперка и концентрат од домати, па сипете вода за да го покрие сето тоа.

Печете ја два до три часа, а повремено сипувајте вода по потреба. Кога сармата ќе биде готова, од наведените состојки направете запршка така што на неколку капки масло ќе пропржите кромид, лук и црвена пиперка, ќе го измешате сето тоа и ќе го додадете во течноста во којашто се готвела сармата. Прелејте ја сармата со тоа, оставете ја уште малку да крчка и вашето јадење и спремно за послужување!

Малку поинаква верзија на сарма: Ролат од кисела зелка и мелено месо што ќе го обожавате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.