Хирурзите предупредуваат на итна состојба што многумина ја игнорираат: Смртноста е голема, не можат ни да стигнат до болница!

Совет од стручњаци

Хирурзите предупредуваат дека руптурираната аневризма на абдоминалната аорта е една од најитните состојби во медицината

Аневризмата на абдоминалната аорта претставува локализирано трајно проширување на абдоминалната аорта повеќе од 3 см во нејзиниот пречник. Руптурирана аневризма на абдоминалната аорта е една од најтешките компликации на оваа болест и смртноста е повеќе од 75 отсто од вкупниот број на пациенти. Хирурзите откриваат кои се симптомите на овој здравствен проблем што може да го однесе животот за само неколку минути.

Симптом на руптура на абдоминалната аневризма може да биде пулсирањето во стомакот и болката, а кога ќе се појави и друг симптом, може да биде веќе доцна.

Докторите особено посочуваат дека симптомите на аневризма се јасно воочливи, некогаш дури и видливи се со голо око.

„Пациентите често може да претпостават дека имаат проширен крвен сад, бидејќи абдоминалната аневризма се чувствува како пулсирачка маса во стомакот. Ако е доволно голема, кај луѓе со одредена конституција, може да биде видлива и со голо око“, откриваат докторите и додаваат:

„Ако покрај пулсирањето се појави и болка, итно одете на лекар или викнете брза помош, бидејќи тоа значи дека почнала да пука. Руптурата на абдоминалната аневризма може да значи дека најверојатно нема да стасате да добиете соодветна помош, ако не реагирате брзо“, предупредуваат хирурзите.

Телото испраќа знаци на предупредување еден месец пред инфарктот, а 99% од луѓето не ги забележуваат: Обрнете внимание на симптомите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.