Телото испраќа знаци на предупредување еден месец пред инфарктот, а 99% од луѓето не ги забележуваат: Обрнете внимание на симптомите!

Совет на експерти

Превенцијата е најдобриот лек

Инфарктот е една од најчестите причини за ненадејна смрт, и тоа станува сè почеста и кај млади луѓе. Главната причина е што луѓето не обрнуваат внимание на знаците на предупредување што им ги испраќа телото, мислејќи дека тоа не е ништо страшно. Експертите проценуваат дека до 2030 година, 23 милиони луѓе ќе починат од болести на срцето и крвните садови.

Затоа, добро обрнете внимание на следниве симптоми што ви ги испраќа организмот дури еден месец пред срцевиот удар!

Болка во стомакот

Болка во стомакот, мачнина во желудникот и чувство на подуеност се некои од најчестите симптоми што еднакво често се појавуваат и кај мажите и кај жените.

Умор

Ова е еден од најизразените симптоми, особено ако се појавува во невообичаени ситуации. Тоа е главниот аларм! Жените многу почесто се соочуваат со ваков знак на предупредување. Не може да помине незабележано, бидејќи понекогаш ќе се чувствувате истоштено и при извршување сосема едноставни работи, како туширање или местење кревет. Жените почесто го пријавуваат овој симптом од мажите.

Претерано потење

Може да се појави во кој било период од денот или ноќта. Овој показател почесто ги погодува жените и обично го мешаат со температура или ноќно потење, типично за менопауза. Симптомите се слични на грип, а вклучуваат влажна кожа и потење и се појавуваат без разлика на температурата на воздухот или телесниот напор.

Неправилна работа на срцето

Овој симптом се појавува неочекувано. Аритмија е неправилна работа на срцето, а тахикардија е зголемен број на отчукувања на срцето. Аритмијата честопати е проследена со панични напади, особено кај жените. Нередовните отчукувања на срцето траат од една до две минути и ако состојбата не се смири, доаѓа до појава на вртоглавица и екстремен умор. Во таа ситуација важно е веднаш да се повика лекар.

Несоница

Несоницата често вклучува високо ниво на анксиозност и отсутност. Симптомите подразбираат тешкотии во спиењето и будење рано наутро. Почесто се појавува кај жените.

Плитко дишење

Плиткото дишење се појавува еднакво често кај двата пола, и тоа дури шест месеца пред срцевиот удар! Исто така, може да се соочите и со вртоглавица и снемување здив.

Болка во градите

Болките во градите можат да бидат со различен интензитет и облик. Исто така, можат да се прошират на едната или двете раце во вид на непријатно чувство, како трпнење, но ова чувство може да се прошири и на долната вилица, вратот, рамениците или стомакот.

Кај мажите, овој симптом укажува на најважните рани знаци за потенцијален срцев удар, што не треба да се занемари. Од друга страна, тој погодува само 30 отсто од жените.

Губење коса

Најчесто ги погодува мажите постари од 50 години, но и некои жени можат да бидат во ризичната група. Ќелавоста исто така е поврзана со зголемено ниво на хормонот кортизол.

Кога ќе ја отфрлите оваа навика, ќе го намалите ризикот од инфаркт за 50%
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.