Тулумби од рерна: Без пржење во длабоко масло, меки и сочни!

Не сте пробале повкусни!

Важно е воопшто да не ја отворате рерната за време на печењето

Состојки:
  • 500 мл вода
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 2 шолји масло
  • 300 г брашно
  • 4 јајца
  • 1 прашок за печиво

За сирупот:

  • 500 г шеќер
  • 1 л вода
Приготвување:

Ставете да зовријат вода, шеќер, малку сол и масло. Потоа додајте брашно претходно помешано со прашок за печиво, добро измешајте и оставете да се олади.

Во ладната смеса додавајте едно по едно јајце и добро измешајте. Обложете плех со хартија за печење или премачкајте го со масло, па со шприц истискајте ги тулумбите, да бидат со големина од околу 12 сантиметри.

Печете ги околу 30 минути на 180 степени, извадете ги, прелејте ги со сируп од зовриен шеќер и вода и оставете ги убаво да го впијат.

Совети:

Додека тулумбите се печат, пригответе го сирупот. Загрејте ја рерната пред да почнете со приготвување на тестото, така што ќе биде добро загреана кога ќе ги ставите тулумбите да се печат. Воопшто не ја отворајте рерната за да видите дали тулумбите се готови, извадете ги кога ќе добијат бакарна боја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.